2 хороскопски знаци кои се „луди“ воркохолоици и 1 кој веќе има резервирано за летен одмор
Кој хороскопски знак 24 часа мисли на работата, а кој сака работата да му биде задоволство и најважни му се слободните денови?
Дали познавате луѓе кои се опседнати со работата? Постојано праќаат мејлови, одат на состаноци и телефонски ги организираат работите дури и надвор од работното време... Некои луѓе се вистински воркохолици.
Кои хороскоспки знаци се најголеми воркохолици?
Девица
Тие се многу инспирирани за работата и едноставно не сопираат, како машини се. Работата сакаат да биде завршена и тоа на вистинскиот начин.
Обрнуваат внимание дури и на најситните детали и перфекционисти се. Секогаш ги почитуваат крајните рокови и ги проверуваат фактите. Не си дозволуваат грешки.
Јарец
Никој не е толку посветен на реализирањето на целите, како тие. Мотивирани се, амбициозни и имаат план за секоја пригода. Не прекинуваат со работата сѐ додека задачата не е финализирана.
Доаѓаат први на работното место и си одат последни. Гледаат решение таму каде што сите други мислат дека е слепа улица. Не им е проблем и слободното време да го посветат на работата.
И кој хороскопски знак е најпосветен на уживањето во животот:
Стрелец
Тие се попосветени на авантурите и уживањето, отколку на работата. Секогаш бизнисот го мешаат со задоволството.
Сакаат работата да им оди со песна, па така ако се во можност деловниот состанок би го организирале дури и во некој национален парк.
Комплетно ги користат деновите за одмор и тогаш не очекувајте дека ќе го проверуваат мејлот или ќе одговараат на телефонските повици.
Прочитајте и 8 суптилни знаци дека сте воркохолик, иако одбивате да признаете
С. С. | Црнобело