Љубовен хороскоп за март 2021: Овните ќе имаат сомнежи, Раковите - магнетска привлечност со личност различна од нив
Вага
Ако сте во врска
Односот ќе ви стане монотон и двајцата ќе почнете да се интересирате за други луѓе. Доколку не сакате ова да се случи мора да испланирате некои несекојдневни и забавни активности. Имајте разбирање за професионалната страст на партнерот и не го спречувајте во постигнувањето на целите на поле кариера. Потоа, заедно ќе уживате во плодовите од вложениот труд.
Ако сте слободни
Ќе запознаете некоја амбициозна, вредна и мудра личност, која најмногу ќе ве маѓепса со немирниот дух и желбата константно да е во движење. Таа личност ќе ве стави и вас во акција, а дури и семејството ќе забележи дека има добро влијание врз вас. Во последната седмица од март можно е и да минете викенд заедно некаде на страна.
Скорпија
Ако сте во врска
Овој месец ќе ви донесе свежина на поле љубов. На партнерот смело ќе му предложувате нови авантури и ќе бидете полни со идеи како да го минувате времето заедно. Ве чека добра забава. Луѓе од околината ќе ви љубоморат на начинот на кој фунционирате, но тоа нека ви биде само мотив плус да си ја зајакнете врската.
Ако сте слободни
Личноста која одамна ви се допаѓа неочекувано ќе ви се обрати и ќе ви даде сигнали дека е подготвена за нешто повеќе од само обичен разговор. Ќе откриете дека добро се разбирате и ќе почнете хармонична врска полна со динамика. Поголемиот дел од времето ќе го минувате фалејќи им се на пријателите каква неочекувана среќа ви се случила.
Стрелец
Ако сте во врска
На поле љубов ќе бидете мотивирани да се потрудите околу решавање на некои несогласувања од врската. Конечно ќе почнете отворено да разговарате со партнерот за проблемите кои ги имате. Вашата искреност позитивно ќе влијае на целокупниот однос.
Ако сте слободни
Конечно ќе почувствувате дека во вашиот живот се појави личност со која ќе можете комплетно искрено да комуницирате. Таа личност ќе ви помогне безброј пати без да бара нешто за возврат. Секој миг со неа ќе ви биде пријатен и ќе сакате да се фалите пред светот што имате крај себе. Можно е да се роди некоја голема љубов.
Јарец
Ако сте во врска
Дури во втората половина од месецот ќе успеете да ја подобрите комуникацијата со партнерот. Ќе организирате заеднички пикници во природа, прошетки и искачување на планини. Најважно од сè е што ќе дадете сè од себе за да му бидете емоционална поддршка на партнерот кога ќе мине низ еден непријатен животен настан.
Ако сте слободни
Со некој пријател се разбирате без зборови и уживате во секој миг заедно. Се чувствувате како таа личност да ја знаете од некој минат живот и ве полни со позитивна енергија и самата помисла на неа. Размислете дали тука има основа за некоја романса, зошто отворено да не ѝ кажете што ви се врти во глава.
Водолија
Ако сте во врска
Ќе бидете мотивирани да му пристапите на партнерот на еден поинаков начин. Конечно ќе се преиспитувате и себеси, а не само него и ќе почнете проблемот да го барате и во вас, а со тоа ќе бидете на прагот од решението. Партнерот нема јасно да ви каже колку е среќен што се обидувате да се прилагодите, но ќе биде на седмо небо.
Ако сте слободни
На почетокот ќе идеализирате некоја личност и ќе бидете воодушевени од работите што ги сервира пред вас, кои за жал ќе испадне дека се лаги. Разочараноста од оваа личност ќе ја лечите со прошетки во природа и дружба со пријателите. До средината на март веќе некој нов лик ќе влезе во вашиот живот и ќе направи да заборавите на разочарувањето.
Риби
Ако сте во врска
Во вашата врска владее монотонија и потребно е да внесете некои новитети. Исто така, време е со партнерот да си ги кажете работите кои одамна ги премолчувате. Искреноста ќе ве зближи повеќе од кога било. Престанете веќе со разговорите за поранешните врски и што сте имале некогаш, а сега немате. Тоа е минато запомнете.
Ако сте слободни
И самите ќе бидете изненадени што срцето ќе ви чука забрзано кога ќе бидете во близина на личност која е комплетна спротивност од вас. Ќе ви го размрда животот и ќе го одведе во нова насока. Оваа личност ќе направи да верувате дека соништата ви се на дофат на рака и дека ништо не е премногу недостижно, ако навистина се сака.
С. С. | Црнобело