Со кои хороскопски знаци треба да избегнувате љубовни врски во 2021-ва?
Астролозите тврдат дека во сложувањето на партнерите во љубовните врски секогаш има влијание и хороскопскиот знак.
Според нив, ова е листата која ќе ви помогне да не си го трошите времето во 2021-ва на луѓе кои не ви одговараат.
Со кој хороскопски знак не треба да влезете во врска во 2021-ва?
Овенот треба да ја избегнува Девицата – нема да има сексуална компатибилност, бидејќи Девиците се емотивни затворени, а Овните бараат страст.
Бикот треба да ја избегнува Водолијата, бидејќи Биковите бараат стабилност, а Водолиите само авантура.
Близнаците треба да избегнуваат Риби за партнери, бидејќи можни се непланирате навреди.
Ракот треба да ја избегнува Вагата, бидејќи Раковите мислат на сродна душа, додека Вагата повеќе се фокусира на својата репутација.
Лавот треба да избегнува Скорпии, бидејќи тоа ќе биде непотребно мачење и стрес.
Девицата треба да ги избегнува Овните за партнери, бидејќи бара тимски играч, а Овенот е самостоен и по малку себичен.
Вагата треба да избегнува Ракови, бидејќи оваа врска ќе создаде непотребни фрустрации и стрес.
Скорпијата треба да избегнува Лавови, бидејќи Лавовите се тешки за смирување, а Скорпиите очекуваат посветеност.
Стрелците да избегнуваат Бик, бидејќи оваа врска е далеку од возбудата која му треба на Стрелецот.
Јарците да избегнуваат Близнаци, бидејќи карактерите им се дијаметрално спротивни.
Водолиите да избенуваат Бикови за партнери, бидејќи по извесен период ќе им досадат.
Рибите треба да избегнуваат Близнаци, кои само ќе им создадат непријатни ситуации, без да ги земат предвид емоциите на Рибите.
М. Д. | Црнобело