Кои хороскопски знаци имаат најлоши промени на расположението?
Астрологијата најчесто има пофални зборови за припадниците на сите хороскопски знаци, а негативните особини ретко се спомнуваат.
Сепак, некои луѓе се исклучително тешки, благодарение на нивните нагли и непредвидени промени во расположението, а астролозите тврдат дека се родени во овие знаци:
Рак
Првото место го заземаат Раковите, бидејќи многу размислуваат и чувствуваат со силни емоции. Нивното добро расположение ќе ви покаже колку се грижат за вас, додека негативното оди до тие граници каде што им штети на другите. Имаат силна енергија и лесно ги пренесуваат емоциите на околината.
Риби
И Рибите не се далеку од Раковите. Не сакаат да се противат на ситуацијата и работите честопати ги чуваат во себе. Тоа тлеење на емоциите најчесто се одразува во облик на негативно расположение.
Скорпија
Скорпиите многу интензивно ги чувствуваат сите работи и не можат да се воздржат кога се лути на некого. Неретко, лутината ја претвораат и во акција и во практично наштетување.
Овен
Овните не дека сакаат да покажат колку се лути или тажни, туку едноставно се многу лоши во криење на емоциите. Ако некој им го наруши расположението, се однесуваат супериорно.
Вага
Вагите секогаш ќе ги прашаат саканите дали им се лути и секогаш се во страв дека некој има негативни емоции кон нив. Секоја постапка ја толкуваат на милион начини и од тоа им зависи расположението. Лошата страна им е анализирањето на туѓите постапки.
М. Д. | Црнобело