Годишен хороскоп за 2021: Овен
2021-ва ќе биде добра и успешна година за вас, а ќе успеете да ги изненадите сите, посебно оние кои ги потценувале Овните во изминатиот период.
Ако 2020-та помина асоцијално, 2021-ва за Овните ќе биде во знакот на социјалниот живот и ќе ве извади од внатрешната изолација низ која минувавте во годината која изминува.
Сите бариери полека ќе исчезнуваат, а вашиот дух ќе се ослободува од рестрикциите, па ќе имате многу можности да се развиете на лично и професионално поле.
Пролетните месеци како март и април се сметаат за добри месеци од годината за Овенот, но и ноември нема да разочара.
Во 2021 Овните конечно ќе донесат некои конечни одлуки за нивните животи.
Работа и финансии
Вашите обврски кон семејството и домот се најголемиот извор на трошоци. Некои од вас ќе инвестираат во недвижен имот и ќе имаат дополнителни месечни трошоци по тој повод.
За среќа, ако се вложите повеќе во работата и ако ги планирате инвестициите, во март веќе ќе се ставите во ред на финансиско поле.
Од септември пак, партнерствата може да ви донесат финансиски бенефит, па размислувајте повеќе на таа тема.
Што се однесува до работата, кај некои Овни, можна е промена на позицијата и компанијата, што ќе ги стимулира и мотивира и ќе ги зближи со луѓето кои им се истомисленици и кои ги туркаат кон поголеми успеси, наместо да тапкаат во место како досега.
Сепак, голем дел ќе бидат исправени пред предизвик во професионалниот живот и ќе мора да ја покажете одлучноста – треба да одберете дали сакате да останете обичен работник, или пак, ќе се осмелите да започнете свој бизнис.
На мажите во знакот на Овен, амбициите ќе им растат до плафон кога ќе гледаат околу себе други личности кои може да го преземат водството. Бидете внимателни, текот на настаните може да бара од вас да промените некои планови.
Жените во знакот на Овен пак, ќе сакаат да започнат со нови работи, но ќе бидат посклони кон страв од ризични авантури и правење жртви.
Љубов
Генерално, 2021 е среќна година кога станува збор за љубовта и љубовниот живот ќе им цути на Овните во 2021.
Овните се подготвени за возбудливи авантури и нови искуства и оваа година ќе бидете многу посамоуверени и похрабри од вообичаено.
Ќе се осмелите да пробате нешто што сте го избегнувале досега, а ќе се заљубите лесно, без многу маки и дилеми.
Слободните Овни неочекувано ќе сретнат посебна личност и без сомнеж ќе сакаат да направат поголем чекор уште веднаш.
Овните пак кои се во врска или брак, повеќе нема да чекаат, нема да им бидат потребни одобрувањата од порано, а настаните кои ќе се случуваат во нивните животи ќе ги уверат дека веројатно ја нашле вистинската личност со која сакаат да го поминат животот.
Единствено, на почетокот на годината може да преовладуваат дилеми и потреба за кавга, но ако го „преживеете“ овој период, од втората половина, љубовните енергии ќе се подобрат значително и ќе му дадете поголема слобода на партнерот.
Ќе сфатите дека она што го имате ви е доволно во периодите кога ќе паѓате во искушение за страсни искуства на страна.
Голем број личности родени во знакот на Овен, во 2021 ќе одлучат дека е време за следниот поголем чекор и ќе „рипнат во тавче“. Создавањето семејство ќе има голема улога за вас.
Деновите околу 14-ти октомври ќе имаат големо љубовно значење за Овните во 2021.
Здравје
Многу Овни ќе сакаат дупло да се вложат во работата, а некои дури ќе работат и две работи со цел да заработат повеќе, но здравјето ова не го „одобрува“.
Дополнителниот психички стрес и големиот притисок кој си го создавате нема да ви годи, а ако не реагирате со време, може да биде доцна. Не дозволувајте да го научите тоа на потешкиот начин.
Ќе ве пратат повремени главоболки и замор, што ќе биде знак дека е време да направите пауза, а можни се и проблеми со видот и концентрацијата. Дајте му на организмот енергија и пронајдете активности кои ве ослободуваат од стресот.
Март и јули ќе бидат искушувачки месеци и ќе треба да обрнете посебно внимание на исхраната. Внесувајте многу здрава храна.
фото: depositphotos.com