Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 хороскопски знаци кои сакаат да прават драма за време на празниците

Кај некој празничната магија го буди само најубавото, додека кај друг се буди желбата за драма.

3-horoskopski-znaci-koi-sakaat-da-pravat-drama-za-vreme-na-praznicite-001.jpegфото: pexels.com

Постојат 3 хороскопски знаци кои и овие празници, како и сите претходни, едноставно уживаат во затегнатите, драматични односи во овој период.

За кои знаци зборуваме и дали сте меѓу нив?

Овен

Овните најчесто изговараат несмасни шеги на туѓа сметка и од тука работите почнуваат наопаку. Тешко се воздржуваат да не го кажат она што ќе им падне на ум, дури и по цена да ја уништат атмосферата.

Овенот мрази формални, површни разговори и секогаш е подготвен за малку акција, без да размислува на последиците.

Водолија

Водолиите обично почнуваат драма со непотребна политичка дебата. Прилично им е досадно на празничната трпеза, па сакаат да го пополнат времето со тензични дискусии.

Откако ќе ја отворат темата, неретко ќе ги видите седнати, тивки, како скролаат по телефонот, додека атмосферата се вжештува до кавга.

Девица

Девиците многу често знаат да прокоментираат во врска со храната, чистотата и слично. Без лоша намера, лесно знаат да го налутат домаќинот, бидејќи суптилноста не им е силна страна.

Секогаш ќе најдат некаква замерка на печењето, десертот или чашите во кои им ставиле пијалак, бидејќи веруваат дека работите мора да бидат совршени.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg