Една работа што треба да ја направите според хороскопот за да бидете вистински среќни
Вага – пронајдете баланс помеѓу секојдневните активности. Немојте премногу да ѝ се посветувате само на една работа, потрудете се да најдете одмор за време и дружење. Кога ќе научите да ја насочувате енергија на повеќе работи истовремено во текот на денот наместо на една, ќе бидете многу посреќни и помирни.
Скорпија – вие сте прилично големо злопамтило и иако можеби тоа не го сфаќате (или не сакате да си го признаете), тоа сериозно влијае врз вашиот живот. Научете да простувате и да заборавате. Кога еднаш ќе престанете грчевито да се држите за работите од минатото, само тогаш ќе може да бидете целосно среќни во сегашноста.
Стрелец – соочете се со фактите: вие сте тип што сака да влегува во конфликти. Но, следниот пат пред да започнете расправија, обидете се за промена да водите смирен разговор. Ќе сфатите дека на тој начин полека ќе ги избегнувате драмите и со самото тоа ќе бидете посреќни и посмирени.
Јарец – не може да мислите само на работата. Најдете време за да му се посветите и на приватниот живот. Фокусирајте се на она што е важно и не дозволувајте работата да ви го раководите животот. Верувајте дека тоа нема да ве усреќи, без оглед колку успешна кариера имате.
Водолија – не дозволувајте некој да ве убеди дека не сте доволни добри затоа што сте. Кога ќе си ги прифатите своите мани, покажете им ги, ќе имате многу поголема самодоверба. Само тогаш кога ќе се прифатите самите себе ќе ве прифатат и другите околу вас онакви какви што сте.
Риби – постојаната грижа за иднината не ви дава мир и не можете да уживате во сегашниот миг. Затоа научете да го живеете животот ден за ден, не размислувајте за утрешнината. Само така ќе научите да бидете мирни и среќни во сегашноста.
(О)Милена | Црнобело