Стрелецот објавува тажни цитати, Близнаците глумат дека не ве знаат - Како знаците се справуваат со „корпа“?
Кога станува збор за љубовта, никому не му е лесно. Секој од знаците се справува со одбивањето на свој начин. Сепак, некои многу полесно ја преживуваат „корпата“ за разлика од другите знаци во зодијакот.
Може ли да се препознаете како се соочувате со одбивање според хороскопскиот знак?
Овен – „Ова не успеа. Морам да се обидам повторно“. Овенот не си ги зема работите премногу при срце. Дури му одговара кога некој го одбива од прва, тоа значи дека може да научи од своите грешки и следниот пат да се однесува поинаку и подобро.
Бик – „Ништо не оди според сценариото“. На Бикот му е прилично тешко да сфати зошто работите не се одвиваат според планот замислен во неговата глава. Изнервиран е зошто потенцијалниот партнер нема поголема интуиција за да прочита дел од неговите мисли.
Близнаци – „??? Никогаш не сум те поканил на состанок, не те ни познавам. Која си ти?“ доколку Близнаците се соочат со одбивање, тие ќе се преправаат дека не ве познаваат. Во нивниот живот нема простор за вакви порази.
Рак – Им кажува на сите околу него што точно се случило до најситен детаљ. Ова ќе биде единствената тема на разговор во следните неколку недели. А можеби и месеци. Дури и по неколку години, Ракот повторно може да си спомене како таа и таа девојка го одбила.
Лав – „Јас направив сè како што треба. Не сум виновен што некој друг нема вкус“. За Лавот, вината е секогаш во другиот. Кој би одбил таков прекрасен, величествен човек како него? Лавот не се заморува премногу, веднаш преминува на барање друг партнер.
Девица – „Го очекував ова“. Девицата знае да калкулира и точно знае кој колку ја забележува. Доколку добие „корпа“ ќе признае дека го очекувала ова. Но, нема да направи никаква драма од тоа. Премногу е суетна за да дозволи да забележат колку е вознемирена.