3-те најнетрпеливи хороскопски знаци (и 3-те на кои можете да им се „качите на глава“)
Кој хороскопски знак постојано е во акција, си го цени времето премногу и пука и при најмала искра, а кој буквално ќе ви дозволи да му скокате на глава и ќе ве толерира?
Некои хороскопски знаци се палат и од искра и избувнуваат, додека други ќе ве толерираат додека вие буквално им скокате на глава.
Кои имаат жешка глава, а кои остануваат студени како мраз и покрај сѐ?
3-те најнетрпеливи хороскопски знаци:
Стрелец
Стрелците се авантуристи кои ја сакаат слободата, па така нема да седат и да ве чекаат додека вие доцните. Секогаш се подготвени за впловување во нова авантура и немаат време за губење.
Водолија
Тие се брилијантни интелетуалци кои размислуваат во некоја друга димензија. Прогресивни се, брзи и немаат трпение за вие да ги кочите во животот.
Овен
Овните сакаат возбуда и оган, а тоа не подразбира толерирање на нечија нерешителност или трпеливо чекање на доставувачот на пица. Тие се создадени за акција и се нетрпеливи кога комуникацијата не е директна и некој ги заморува со детали.