Астрологија и бои: Кои бои се идеални за уредување на домот според хороскопскиот знак?
Астролозите сметаат дека хороскопскиот знак влијае врз многу нешта, па дури и работите што ги сакате.
Покрај вашиот карактер, изгледа астрологијата може да ви открие и кои бои најмногу ви одовараат. Секако дека најголем дел од нас знаат кои им се омилените бои, но има и многу такви кои се неодлучни.
Па, ако често се водите според астрологијата, можеби и овојпат ќе ви помогне да донесете одлука за промена на боите во уредувањето.
Погледнете кои бои се најдобри за вашиот дом, според хороскопскиот знак:
Овен - дречливо розова, корална, светло портокалова, жолта
Овие луѓе најмногу ги привлекуваат дречливи бои. Но, бидејќи нема да изгледа добро целиот дом да го уредите со силни бои, правете комбинации со понеутрални нијанси. Силните бои искористете ги за акцентирање – перници, уметничко дело и слично.
Бик - темнозелена, кафеава, бели нијанси
Биковите најмногу уживаат во белите и зелените нијанси. Истовремено, нив им се потребни многу растенија во домот. Тие ја сакат и кафената боја, а дрвените елементи се вклопуваат одлично во бел ентериер со растенија.
Близнаци - зелена, жолта, виолетова
Летото е сезоната на Близнаците, па не е ни чудно што најмногу им се допаѓаат „летните“ бои, како жолта и виолетова. Затоа, осигурете се дека во домот ќе имате барем неколку елементи со оваа боја.
Рак - зелена, сина, светло розова, корална
И Раковите најмногу ги сакаат боите кои нè асоцираат на летото. За разлика од Близнаците, тие сакаат понеутрални нијанси. Пастелната розова е одлична за креветите во дневната, а секогаш можете да го дополните просторот со зелени растенија.
Лав - златна, црвена, виолетова
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, па најмногу им се допаѓаат бои кои привлекуваат внимание.
За нив е важно просторот да изгледа „богато“, а златните елементи се одлични за тоа. Нив им се допаѓаат и дрвени материјали, кои изгледаат многу добро во комбинација со виолетова боја.
Девица - беж, кафени нијанси
Девиците сакаат понеутрални бои и ги избегнуваат дречливите елементи. Тие сакаат и минимализам, па комбинацијата од беж и кафеави нијанси е совршена за нив.
Ако просторот ви изгледа премногу празно, секогаш можете да го дополните со неутрални перници или килим.