4 хороскопски знаци кои „паѓаат“ на интелигенција, а не на изглед
Секој од нас си го бира партнерот по одредени критериуми, вредности и интереси. И додека некои луѓе преферираат добар изглед, други сакаат интелигентни партнери, без оглед на тоа како изгледаат.
Во кои хороскопски знаци се раѓаат најчесто луѓето кои преферираат интелигенција?
Близнаци
Се работи за интелигентен хороскопски знак кој секогаш поставува многу прашања и комуникацијата му е главна во односот.
Затоа, најчесто паѓаат на парнтнери кои им се на слично ниво на интелигенција. Сакаат партнери кои ги стимулираат да размислуваат, но и партнери кои си го кажуваат сопственото мислење без двоумење.
Скорпија
Скорпиите тежнеат кон различен вид на интелигенција. Со оглед на тоа што Скорпиите се воден знак, односно емоциите им се во прв план, па така бараат емоционална интелигенција.
Важно им е партнерот да им овозможи длабоки разговори и да има разбирање за емоциите, како нивните, така и сопствените.
Јарец
Убавината не им е важна, колку што им е паметот. Преферираат интелигентни решенија, наместо мускули. Рационалноста и логиката им се двата најважни квалитети.
Јарецот е амбициозен знак кој одлично се снаоѓа што и да прави, па токму затоа ги привлекуваат снаодливи личности кои нема да им ги попречуваат соништата, туку ќе им помогнат да ги остварат.
Водолија
Се работи за еден од најинтелигентните хороскопски знаци, па нека не ве чуди ако и друштвото го одбираат зависно од коефициентот на интелигенција.
Снаодливи се и во постојана потрага по нови знаење, па од парнерот очекуваат да им ја задоволи потребата за новитети. Сестраноста и познавањето на работите им се далеку поважни од цртите на лицето и телото.
М. Д. | Црнобело