Љубовен хороскоп за август 2020: Бикови - тајна авантура, Стрелци - потреба од патување со партнерот

ljuboven-horoskop-za-avgust-2020-bikovi-tajna-avantura-strelci-potreba-od-zaednichko-patuvanje-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ова ќе биде тежок период во поглед на вашите емотивни и семејни односи. Ќе се соочите со работи кои долго ги одложувавте. Ако не ги решите, можно е да дојде до заладување на односот. Смислете некој трик како да ја вратите почетничката страст во односот.

Ако сте слободни:

Ќе имате шанса за авантура каде главен фокус ќе биде магнетската привлечност според физичкиот изглед. Но, изненадувачки иако ќе немате многу заеднички допирни точки, помеѓу вас е можно да се развие многу посериозен однос. Дали ова ќе доведе до врска, зависи само од вас.

Скорпија

Ако сте во врска:

Со партнерот нема да успеете да постигнете усогласување околу некои заеднички цели. Потрудете се да ги избегнете кавгите, затоа што тврдоглавоста нема да ви донесе ништо добро. Избегнувајте двосмисленост и зајадливи коментари, сега не е време за тоа.

Ако сте слободни:

Ќе дојдете во ситуација во која ниту самите нема да знаете што всушност сакате од љубовта. Ќе ве привлекуваат повеќе личности, а секоја од нив ќе биде комплетно различна во поглед на карактерот и интересите. Ниту една од нив нема да се вклопува во сликата за идеална љубов. Од една од тие личности ќе очекувате повеќе од што таа реално може да ви даде и тоа ќе доведе до разделба.

Стрелец

Ако сте во врска:

Финансиите повторно ќе бидат причина за кавга во вашата врска. Ќе имате различни мислења на одредени теми и напнатоста помеѓу вас ќе биде неизбежна. Мора да скроите нови заеднички планови, а добро би било да организирате и некое кратко патување.

Ако сте слободни:

Размислете која тактика е најсоодветна за да ја привлечете личноста што ви се допаѓа. Ќе чувствувате дека немате доволно мотивација за да се зближите емотивно со некоја личност. Во ред е што имате убави спомени за некоја стара врска, но тоа не значи дека не треба да запловите во нова.

Јарец

Ако сте во врска:

Во односите со партнерот ќе имате значително заладување. Ќе имате спротивни ставови за многу важни аспекти од вашата врска. На моменти ќе се сомневате дека партнерот е неискрн кон вас. Покажете малку повеќе нежност и топлина кон него за да го средите односот.

Ако сте слободни:

Ќе се чувствувате емотивно затворени и повеќе ќе ви одговара да сте сами, отколку во врска. Но, во втората половина на август некоја личност ќе успее да ви се доближи. Подгответе се за нова љубов и луда авантура. Ќе почувствувате огромна интимна поврзаност.

Водолија

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе се карате околу распределбата на домашните обврски и односите со другите членови од семејството. Дури кон средината на месецот ќе успеете да пронајдете заеднички јазик. Ќе си давате помош и поддршка еден на друг и ќе водите навистина интимни разговори.

Ако сте слободни:

Ќе имате зголемена желба за движење и дружба. Ќе запознаете личност што ќе ве маѓепса со смислата за хумор и интелигенцијата. Од спонтани средби можно е да дојде до долга и сериозна врска. Запознавањето можно е да биде преку некој ваш пријател.

Риби

Ако сте во врска:

Вашите чести отсуства од домот ќе направат партнерот да се чувствува запоставено. Ќе имате различни потреби во поглед на дозата на забава што ви е потребна во секојдневието. Ако постигнете компромис, ќе доживеете стабилност во љубовта и мир на душата. Потребен ви е одмор на страна од рутината.

Ако сте слободни:

Можна е напнатост и разочарувања во почетокот од месецот. Личност што ви се допаѓаше ќе го покаже својот вистински лик на манипулатор. Но, во втората половина од месецот ќе запознаете личност која има искрени намери кон вас. Ќе започнете сериозна врска.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg