3 хороскопски парови кои имаат најдобар секс
Кога помеѓу две лица владее привлечност, се чувствува хармонија во кревет.
А, тоа важи посебно за 3 хороскопски парови:
Овен и Лав
И двата огнени знаци се страствени, го сакаат сексот како чин и обожаваат да пробуваат новитети. Здодевно? Никогаш. Бидејќи и двата знаци сакаат да победуваат, сексот го гледаат како игра на моќ, што дополнително ги возбудува.
Скорпија и Рак
Скорпијата важи за најсексуален хороскопски знак, ги знае потребите на другите и добро заведува. Според хороскопот, Ракот пак важи за мирен и сензибилен, сака секс и со задоволство би се препуштил на доминантен партнер. Затоа совршено се дополнуваат.
Водолија и Девица
Девиците важат за организирани, а Водолиите за тотално спонтани. Тука спротивностите се привлекуваат, а кога се заедно ништо од тоа не им е важно. Уживаат додека учат еден од друг. Нивната љубовна игра истовремено е емотивна и физичка.
М. Д. | Црнобело