5 хороскопски знаци на кои секогаш им недостасуваат пари
Според астрологијата, на одредени хороскопски знаци парите секогаш им се малку. Колку и да заработат месецот, на крајот секогаш се во минус.
Стрелците сакаат да живеат живот со полни гради, па сакаат постојано да купуваат нови работи, додека Вагите трошат пари кои ги немаат, односно често се задолжуваат.
На кои знаци постојано им фалат пари?
Стрелец
Стрелците се слободоумни поединци кои сакаат да истражуваат и доживуваат нови работи. Веруваат дека животот е еден и треба да се живее до крај, дури и ако тоа значи да се на 0 последните денови во месецот.
Вага
Вагите може да бидат прилично мрзеливи кога се работи за управување со финансиите. Имаат обичај да трошат премногу пари кои ги немаат, односно кои се земени на кредит. А, на крајот е кнап за да си ја платат ратата.
Близнаци
Близнаците се социјални пеперутки кои сакаат да се забавуваат и да ги трошат парите на работи кои и не им се неопходни. Сфаќаат што направиле дури кога не можат да подигнат повеќе пари од банкомат.
Овен
Овните се дарежливи и никогаш не велат „не“ доколку некој им побара помош. Но, таа мека душа ги чини премногу, па во лоша финансиска состојба се поради други луѓе.
Водолија
Обожаваат технологија и сакаат да се во чекор со новитетите. Обидуваат да се одговорни, но штом видат нешто ново, плус и на попуст, нема шанса да ја пропуштат можноста да го имаат.
М. Д. | Црнобело