Љубовен хороскоп за мај 2020-та: Овните ќе започнат тајна врска, Водолиите ќе решат многу проблеми
Вага
Ако сте во врска
Првата декада од мај ќе помине мирно и без проблеми. Ќе знаете како да го искористите слободното време и вистински ќе се забавувате. Втората половина од месецот може да донесе напнатост, бидејќи и двајцата ќе бидете со променливо расположение. До крајот на мај, ситуацијата би требало да се стабилизира.
Ако сте слободни
Ќе почнете да се допишувате со личност од странство и ќе водите забавни разговори. До средината на мај можно е и да се вљубите, а добрите вести се и дека потенцијалниот партнер веројатно ќе ги има истите чувства.
Скорпија
Ако сте во врска
На почетокот од месецот и двајцата ќе барате начин да го исполните заедничкото слободно време. И вие и партнерот ќе имате одлични идеи и ќе уживате во заедничките моменти. Кон крајот на месецот можно е да премолчите нешто што ви пречи, а ова ќе има лошо влијание врз вашиот однос.
Ако сте слободни
Мај ќе ви донесе неочекувано познанство со интересна личност. До втората половина од месецот можно е да се родат и чувства. Најверојатно ќе почнете и врска која, иако на почетокот нема да биде сериозна, има потенцијал да трае долго.
Стрелец
Ако сте во врска
Месецов подобро ќе се сложувате со саканата личност, дури и за нештата за кои не сте можеле да направите компромис. До крајот на месецот ситуацијата само ќе се подобрува – ќе разговарате за многу полични работи, ќе најдете нови заеднички активности и ќе уживате во интимните моменти.
Ако сте слободни
Ќе запознаете личност која ќе ве освои со нејзината интелигенција. Во првата половина од месецот навистина ќе се зближете, а можеби ќе имате и можност за кратка средба во живо. Иако личноста навистина ќе ви се допаѓа, не сте сигурни дали сакате сериозна или каква било врска.
Јарец
Ако сте во врска
Ќе имате доволно време да ѝ се посветите на врската, па со партнерот ќе бидете поблиски од кога било. Ќе најдете и многу нови заеднички интереси, па сигурно ќе ви биде забавно. Во втората половина ќе сакате да се фокусирате на домот и заедно ќе го направите поудобен. Ќе имате и доволно време за повеќе интимни моменти.
Ако сте слободни
Можно е вниманието да ви го привлече личност со која сте соработувале на некој проект. Ќе разговарате за многуте заеднички интереси, а најверојатно ќе се родат и обострани чувства. До крајот на месецот, спонтано ќе започнете врска.
Водолија
Ако сте во врска
На почетокот на мај ќе имате можност да внесете нешто ново во врската и да ја разбиете монотонијата. Ќе разговарате за проблемите и, уште поважно, ќе најдете решение. Во втората половина од месецот ќе имате повеќе можности за интимни моменти и ќе бидете многу посреќни.
Ако сте слободни
Мај ќе ви донесе можност за врска која има потенцијал да биде сериозна. Ќе запознаете личност која е поразлична од вашите досегашни партнери и ќе ви остави силен впечаток. Ќе почнете да комуницирате и за кратко ќе сфатите дека имате многу заеднички нешта.
Риби
Ако сте во врска
Ќе бидете расположени за разговор со партнерот, а ова дополнително ќе ве зближи. Во втората половина од месецот ќе се фокусирате на домот и заедно ќе направите неколку промени. Обидете се повеќе да ги задоволувате потребите на партнерот.
Ако сте слободни
Мај ќе ви донесе неочекувано познанство со личност чии идеи ќе ве привлечат. Ќе сфатите дека имате многу заеднички нешта, а можни се и неколку подолги телефонски разговори. Во третата декада од месецот, веројатно и двајцата ќе бидете подготвени за врска.
Спирова С. | Црнобело