Девиците демнат на социјални мрежи, Рибите слушаат турбо-фолк: Што прават хороскопските знаци кога никој не гледа?

Имате ли некоја навика, хоби и слично што не сакате никој да го дознае?

raboti-shto-horoskopskite-znaci-sakaat-potajno-da-gi-pravat-01.jpg

Дали можеби велите дека никогаш не јадете брза храна, но одвреме-навреме скришно се честите со по некој хамбургер? Или, пак, тврдите дека мразите некој пејач, а кога сте сами дома, на цел глас ги пеете неговите песни?

Колку и да не сакате да признаете, секој од нас си има по некоја ваква навика. И, во тоа нема ништо лошо.

Во продолжение погледнете кои се работите што хороскопските знаци потајно сакаат да ги прават:

Овен - Јадење брза храна. Иако сакаат пред другите да изгледаат како да уживаат и во здравата храна, сепак на само сакаат да уживаат во брза храна. 

Бик - Гледање реални шоуа. Можеби не им е од животно значење, но не им пречи слободното време да го поминат гледајќи ги Кардашијанс или некои други реални шоуа, чисто од љубопитност. 

Близнаци - Читање еротски романи. Или гледање еротски илустрации, додека си ги усовршуваат техниките за следниот секс...

raboti-shto-horoskopskite-znaci-sakaat-potajno-da-gi-pravat-02.jpg

Рак - Читање и слушање озборувања, особено за познатите. Иако можеби не признаваат, честопати се во тек со настаните во кралското семејство, знаат кој кого изневерил и со колку помлади девојки се познатите мажи во врска...

Лав - Порачување храна со достава. Може колку сакаат да се преправаат дека уживаат во готвењето, но за нив нема ништо подобро од тоа кога ќе си нарачаат готова храна која ќе им биде доставена до дома. 

Девица - Демнење на социјалните мрежи. Пријателите и родителите на партнерот, бившите партнери, сегашниот партнер на бившите, личностите на кои им се восхитуваат на професионалниот успех... Девиците знаат да поминат доста време гледајќи туѓи профили. 

raboti-shto-horoskopskite-znaci-sakaat-potajno-da-gi-pravat-03.jpg

Вага - „Стискање“ мозолчиња и митесери. Веројатно никогаш нема да признаат, но едноставно уживаат пред огледало да си играат козметичари. Некогаш се подготвени дури и на некој друг да му направат третман... 

Скорпија - Играње игри на телефон со часови. Можеби нема да се нафатат да поминат многу време на компјутер, но со лесните игри на телефон не ни чувствуваат како поминува времето. Посебно за време на карантин...  А, сигурно нема да признаат дека цел ден им поминал така. 

Стрелец - Спиење до многу доцна. Иако често се најранобудни во семејството и друштвото, и тие сакаат да си поспијат кога немаат обврски и никој не ги контролира, иако на вас ќе ви проповедаат како не е добро да се спие до доцна. 

raboti-shto-horoskopskite-znaci-sakaat-potajno-da-gi-pravat-04.jpg

Јарец - Правење селфи. Пред вас ќе ги озборуваат оние кои прават по 100 пози додека го направат совршеното селфи, но кога се сами, и тие го прават истото, само никогаш нема да признаат, бидејќи тие „секогаш излегуваат добро од прва“.

Водолија - Пиење алкохол. Можеби сакаат да бидат пример за останатите и не сакаат да се покажат во лошо светло, но кога се сами или во интимно друштво, сакаат да се опуштат со по некоја чашка, иако не признаваат дека го прават тоа на само. 

Риби - Слушање неквалитетна музика. Пред вас ќе се прават како да се познавачи на музиката и не ги обожаваат песните без квалитет во музиката, но кога се сами, знаат да си ги потпевнат поп хитчињата, а можеби дури и некоја поп-фолк песна...

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....
Една работа што сакате да ја правите, но не признавате, според хороскопскиот знак Девици, кога сте сами, сакате да ги проверувате туѓите профили на социјалните мр...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Од што се плашат хороскопските знаци кога се во врска? Девица - Вие се плашите дека кога ќе го ставите срцето некому на дланка, тој/таа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg