4 хороскопски знаци кои постојано го крадат покривачот

Ако сакаме да бидеме драматични, слободно можеме да кажеме дека влечењето и крадењето на покривачот може да биде почеток на сочна кавга.

4-horoskopski-znaci-koi-postojano-go-kradat-pokrivacot-001_resize.jpeg

Ако го делите креветот со некој од овие 4 знаци, добро ја знаете маката.

Кои знаци во Зодијакот обожаваат да го крадат покривачот?

Бик

Ако Биковите нешто сакаат, тоа е да им биде удобно – ментално и физички. И колку и да сакаат да имаат некого за гушкање, сепак гушкањето на покривачот им е омилена вечерна активност. Како капак на тоа – тврдоглави се до бескрај.

Близнаци

Близаците се некогаш топли, некогаш ладни – буквално. Овој превртлив хороскопски знак може да си легне со намера да го дели покривачот, но да заврши сам, стуткан во него. Незрелоста во комбинација со инаетот ги тера да кажат – мој е.

Лав

Припадниците на овој знак, исто како и Биковите, сакаат да уживаат во удобност. Нивниот идеален кревет е исклучиво нивен. Знаат да бидат длабоко посесивни, дури и ако се работи за нивниот покривач.

Скорпија

Интензивни и неразбрани, Скорпиите се последниот, но и најтешкиот знак за делење на креветот. Сакаат да се галат, но сакаат да имаат и свој личен простор. Имаат одлично развиени стратегии за да го добијат покривачот, додека вие несвесно ќе завршите сами, откриени и смрзнати.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg