Близнаците паничат за ситници, на Лавовите не им е ништо – Колку се хипохондрични хороскопските знаци?
Дали паничите за секоја епидемија, но и за секоја ситница поврзана со здравјето или ги гледате работите смирено и реално?
Дали си правите филмови дека ви е нешто сериозно иако е обична настинка или главоболка?
Во ред е да водите грижа за здравјето и да не ги игнорирате симптомите и промените, но не е во ред да се претера и да се биде хипохондричен.
Хороскопот одредува дека некои знаци се хипохондрици во крајни граници, додека пак други, се паничат само кога навистина има причина.
Во која група припаѓате вие според хороскопскиот знак? Дали сте хипохондрици?
Овен
Овенот може да стане хипохондрик, но за да дојде до тоа, треба да има некаква причина. Дури и некој невообичаен симптом, ако не му е претходно познат, тој може да го преувеличи. Најчест пример се неколкудневните болки, кога веднаш може да помислат дека е нешто пресериозно. За среќа, пријателите и семејството брзо може да ги вратат во нормала.
Бик
Биковите може да станат хипохондрици само ако има некој реален, медицински потврден здравствен проблем. Тогаш се јавува тој момент на паника и несигурност, бидејќи ако им е потврдена кардиолошка дијагноза, тие ќе бараат уште некој нов проблем. Но, не паничат без причина.
Близнаци
Близнаците може да станат буквално хипохондрици како според дефиниција. Кај нив не е неопходно нешто да тргне наопаку или да не се чувствуваат добро, за да влезат во филм дека ги имаат сите можни заболувања. Постојано пијат чаеви и пијат лекови за зајакнување на имунитетот, превентивно.
Рак
Раковите може да бидат толку многу хипохондрични, што ќе им го „уништуваат“ животот и мирот на сите околу себе. Кога ќе влезат во оваа фаза, под влијание на некој било каков проблем кој се јавил, тешко е да се уверат дека се здрави и дека се во ред, барем додека самите не одлучат и не почувствуваат дека веќе подолг период се добро.
Лав
Лавовите по правило се апсолутно уверени дека никогаш во животот нема да се разболат. Тие имаат толку голема моќ и во својата глава воопшто не дозволуваат да им помине мисла со некое сериозно здравствено сценарио. Ова може да биде и опасно, бидејќи некогаш може да се случи да игнорираат сериозни симптоми.
Девица
Девиците се умерени хипохондрици. Тие се исклучително педантни и сакаат да водат уреден и хигиенски живот. Како што педантно го чистат животниот простор, така педантно го чистат и организмот. Може да бидат фанови на чаеви и разни билки, природни препарати и здрава храна за детоксикација.