Храната и хороскопските знаци

hranata-i-horoskopskite-znaci-02.jpg

Вага
Светот навистина би бил поубав кога би се живеело од колачи - така размислува една Вага, додека ја гризе совест, поради третото кафе со шлаг и втората доза карамел крем, иако и за желето од киви и течат лиги.

Астро совет: подобро ќе гладувате, отколку да бидете елегантно пополнети, сокријте ја теглата со слатко од јаготки бидејќи никогаш не се знае што ќе и се случи кога ќе добиете „напад за слатко“. 

Скорпија
Еден од трите најголеми хороскопски знаци – гурмани, ужива во храната, мерка што да јаде, попатно пијуцка, за да не го „фати мезето“, чорбичка...ако мора, но „конкретна“ храна (шницли , печење под вршник, свадбарска зелка) и годи на Скорпијата, па уште ако има луто пиперче...тоа е вистинска гозба.

Астро совет: Ако веќе умеете да им одолеете на колачите, а сте маж, пробајте така и со келнерките, кога ќе седнете со друштво во кафеана.

Стрелец
Сака да проба сè што е ново. Стрелецот подеднакво ужива кога јаде кебапчиња и лепче и кога јаде некое егзотично јадење со шафран или ориентален ориз, се разбира со разладено розово вино.

Астро совет: Ако сте вечерале во ресторан, паркирајте ја колата подалеку за да прошетате, бидејќи така барем малку ќе ја дотерате линијата.

Јарец
Не сака промени, традиционалиста е и по прашањето на исхраната, но сака понекогаш нешто да подготви за јадење, па и да е набрзина, а домашните ќе се одушеват и само ќе делат комплименти. Омилено јадење му е козјото сирење и црно вино, а од овошје вишни, но со чоколаден прелив.

Атро совет: Убаво е што знаете некои работи подобро од лекарите, но би било уште поубаво ако ги примените во вашиот начин на исхрана, поради покачениот холестерол.

Водолија
Го прескокнувате  појадокот, малку нешто грицкате, но затоа навечер гледате да надокнадите она што сте го пропуштиле. Водолијата се опушта дури кога ќе го помине куќниот праг и ќе ги почувствува мирисите на кујната. Сака гурманска храна, не било што- крем чорби од зеленчук, пити, шунка и пршута, сирење и маслинки, а на крај, задолжително нешто благо.

Астро совет: ако саканата личност сеуште не открила како да ве задржи дома –  веројатно сеуште не научила да готви.

Риби
Не јадат и не пијат било што, бираат специјалитети (месо, риба, морски плодови, салати) – мора да биде вкусно и квалитетно. Иако делува како расеан професор, машката Риба, уште од врата го нарачува својот омилен пијалок, а може да испие повеќе чаши без да има промени во расположението.

Астро совет: Бидејќи умеете да испиете, а при тоа оставате впечаток дека сте трезни- пробајте еднаш неделно да пиете само вода. Ако никој не забележи, ќе забележите вие - по обемот на струкот.



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg