Девицата ќе ви ја среди кујната и ќе ужива во тоа: 7 причини поради кои ги сакаме секој од знаците

ВАГА

1. Вагата непрестајно ја шири својата позитивна енергија.

2. Таа е најсреќна кога другите околу неа се среќни.

3. Практично е невозможно да не ја сакате Вагата, тие имаат вроден шарм на мало, слатко детенце.

4. Вагата може да биде медијатор во секоја караница, имаат вроден талент за решавање на недоразбирања.

5. Постојано ќе ве потсетува колку многу вредите.

6. Обожаваат да се опуштаат себеси, но и другите кога е дојдено времето за одмор и релаксација.

7. Не го знаат значењето на зборот штедење, не умеат да штедат на себеси, но и на пријателите кога станува збор за подароци.

СКОРПИЈА

1. Скорпијата е најдобриот пријател што може да го запознаете.

2. Таа е најдобриот избор за споделување на проблемите.

3. Со нив е особено забавно да смислувате несолени шеги.

4. Скорпијата има талент да забележи сè – од новата фризура до обликот на вашите веѓи.

5. Ја ценат секоја убава работа којашто ќе ја направите за нив.

6. Со нив може да разговарате за секс без воопшто да се срамите.

7. Имаат огромна енергија, доколку ја насочат во вистинскиот правец, може да го сменат светот.

СТРЕЛЕЦ

1. Животот со нив е приказна сама за себе.

2. Великодушни се, без да очекуваат нешто да добијат за возврат.

3. Весели се, многу друштвени и на сите им се допаѓаат.

4. Имаат цврсти ставови и се борат за своите уверувања.

5. Стрелците се одлично рамо за плачење.

6. Со нив секогаш ќе знаете точно на што сте и што мислат за вас.

7. Радо го споделуваат своето знаење и искуство со другите луѓе.

ЈАРЕЦ

1. Јарците се предодредени за успех во животот.

2. Тие се добри и многу внимателни домаќини.

3. Силни се и мошне доследни, и луѓето околу нив ги поддржуваат во тоа.

4. Доколку сте му вистински пријател Јарецот ќе направи сè за вас.

5. Нивната љубов обично се врзува со многу убави и скапи подароци.

6. Амбициозни се и секогаш насочени кон остварувањето на некаква цел, Јарците ќе ве инспирираат и вие да станете такви.

7. Секогаш ќе ве „спуштат“ на земјата и ќе ви кажат точно како стојат работите.

ВОДОЛИЈА

1. Водолијата е оригинална и многу промислена личност.

2. Многу се објективни и даваат одлични совети.

3. Благодарение на својата интелектуалност може да најдат заеднички јазик речиси со секој што ќе го запознаат.

4. Добро е да се биде дел од друштвото на една Водолија, бидејќи таа е главното „моторче“ на забавата.

5. Водолијата не следи никој, најчесто другите ја следат неа.

6. Водолијата е голем борец за правда.

7. Доколку вистински им значите ќе напраат сè што е во нивната моќ за да ве усреќат.

РИБИ

1. Делуваат достоинствено и енергично, како да доаѓаат од некој друг свет.

2. Лесно може да постигнете компромис со нив.

3. Имаат одлична интуиција и им даваат супер совети на луѓето, без разлика дали станува збор за финансии или љубов.

4. Воопшто не се површни и не го набљудуваат животот и луѓето на тој начин.

5. Нивната смиреност лесно ја пренесуваат на оние околу нив.

6. Многу се спонтани и авантуристички настроени.

7. Рибите се големи сонувачи па имаат тенденција да ги поддржуваат и другите во нивните соништа, макар изгледале нереално и неостварливо.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg