3 хороскопски знаци на кои никако не им успева да заштедат некој денар
Без разлика дали едноставно сакаат да трошат повеќе отколку што заработуваат или не сакаат да работат втора работа, на овие 3 хороскопски знаци секогаш им недостасува некоја илјадарка на крајот од месецот.
Кои хороскопски знаци се мачат да заштедат и пак не им успева?
Стрелец
Стрелците знаат како да заработат, но кога се работи за штедење – вистина се ужасни. Нивниот детинест став кон парите и неразумните трошоци не им дозволуваат да тргнат денарче на страна.
Припадниците на овој знак не прашуваат колку нешто чини, туку го купуваат она што им носи задоволство.
Риби
Рибите се постојано во финансиски проблеми. Главата им е постојано во облаци, па не се навикнати на тешка работа. Често заработуваат од својот талент и отворен ум.
Па, ако нешто е надвор од нивната комфорна зона, не прифаќаат. Односно, тешко се нафаќаат да работат повеќе работи истовремено, иако тоа би значело крај на проблемите со финансиите.
Вага
Вагите имаат зачудувачка желба за убави работи. Естетичари се по природа и ја сакаат убавината насекаде околу себе.
Затоа честопати трошат на работи кои се убави на око, но не и корисни. И последниот денар би го дале на парче облека кое им се чини неодоливо, наместо да заштедат за нешто посериозно.
М. Д. | Црнобело