Не влегувајте во дискусија со Лав - нема да победите: 5 работи кои можеби не сте ги знаеле за знаците
ВАГА
- Вагата е знак којшто оди на сè или ништо.
- Може да ја добие борбата без кавга.
- Понекогаш сака со денови да биде сама, а понекогаш ѝ се потребни огромен број на пријатели.
- Вагата е способна да ви ја врати вербата во животот, бидејќи секогаш знае добро да ги искаже своите чувства.
- Во состојба е да одржи цело предавање само за да докаже зошто не треба да ги измие садовите.
СКОРПИЈА
- Кога Скорпијата се вљубува, навистина ја губи главата и разумот.
- Жените Скорпии се навистина премногу чувствителни кога станува збор за нивните емоции.
- Скорпиите мразат кога им поставувате премногу прашања.
- Премногу се резервирани со луѓето коишто не ги познаваат, но премногу отворени со своите најблиски пријатели.
- Треба да сте навистина среќни доколку Скорпијата се вљуби во вас.
СТРЕЛЕЦ
- Стрелецот знае кога е време за забава, а кога а време за работа.
- Може да ги смени плановите во последниот момент.
- Стрелецот е вечно дете кое одбива да порасне, но може да стане сериозен кога станува збор за тешки, сериозни прашања.
- Речиси секогаш се добро расположени и умеат да простат.
- Никогаш не можете да знаете што вистински мислат, освен доколку не решат да ги споделат своите мисли со вас.
ЈАРЕЦ
- Јарецот преферира да има неколку вистински пријатели, наспрема десетици лажни.
- Нималку лесно не им ги простува грешките на другите луѓе.
- Јарецот никогаш не се откажува. Тој има моќ да пронајде решение за речиси секој проблем.
- Луд е кога се работи за кариерата и подготвен за жртвува сè. Љубов? Што беше тоа?
- Особено е предан и лојален на своето семејство.
ВОДОЛИЈА
- Секогаш може да ви понуди одлично решение во врска со вашите проблеми.
- Лесно се впуштаат во љубовни врски и сексуални односи.
- Кога Водолијата ќе се вљуби, чувствува 15.000 емоции во една минута.
- Таа е особено динамичен знак која не знае што значи зборот пауза.
- Водолијата едноставно не сака да биде опкружена со несигурни луѓе.
РИБИ
- Лесно склопуваат пријателства, но опкружени се со многу малку луѓе.
- Доколку ги повредите веднаш ќе ги покажат „канџите“ на виделина.
- Одлично ги чуваат тајните на другите луѓе.
- Кога Рибите чувствуваат дека нешто не е во ред со нив се обидуваат да ги отстранат сите докази додека не го убедат светот во спротивното.
- Рибите се подготвени да дадат сè, без да очекуваат нешто за возврат.
(О)Милена | Црнобело