Не влегувајте во дискусија со Лав - нема да победите: 5 работи кои можеби не сте ги знаеле за знаците
Астрологијата е интересна и особено забавна наука која секогаш остава простор за интерпретација и откривање на нови нешта за секој од 12-те знаци во Зодијакот.
За секој од нив важат неколку „чудни работи“ па време е да ги прочитате и да се соочите со реалноста – дали навистина се препознавате во следните констатации поврзани со вашиот хороскопски знак?
ОВЕН
- Кога ќе го повредите нема повторно да ви прозбори и ќе ве напушти веднаш.
- Овенот обожава добар хумор, особено во друштвото на најдобрите пријатели.
- Со текот на времето сè им станува здодевно и постојано посакуваат изненадувања во животот.
- Овенот е секогаш во право. АМА СЕКОГАШ! Не прифаќа никакви забелешки на својата сметка.
- Совршената жена за мажот во знакот на Овен е мешавина на професорка и порно ѕвезда.
БИК
- Бикот го создава својот мал, совршен свет подалеку од сите други. Честопати чувствува дека никој друг не го разбира.
- Доколку Бикот ви се лути за нeшто, се препорачува да кренете раце, бидејќи простувањето е речиси невозможна мисија.
- Бикот обожава да е во друштво на забавни луѓе. Доколку сте склони кон драми, подобро е да се држите понастрана од него.
- Иако го опишуваат како „див“ знак, Бикот секогаш се обидува да ги реши недоразбирањата на мирољубив начин.
- Бикот понекогаш може да ви каже дека не му е гајле за вас, нo длабоко во себе знае дека лаже.
БЛИЗНАЦИ
- Близнаците никогаш не доцнат, во принцип сите други подрануваат.
- Доколку мислите дека Близнаците премногу зборуваат, вистината е дека всушност се многу срамежливи.
- Близнаците се многу лојални и верни кон пријателите, но доколку некој вистински ги повреди - не даваат втора шанса.
- Имаат одлична смисла за хумор. Ама баш многу. Дотолку што стануваат напорни со нивните шеговити досетки!
- Лесно може да ги вознемирите и изнервирате.
РАК
- Ракот е еден од најверните знаци во Зодијакот.
- Тие не го отвораат лесно своето срце, но кога ќе го сторат тоа знајте дека вечно сте врежани во нивното.
- Раковите навистина ја сакаат својата мајка! МНОГУ!
- Честопати поминуваат низ „депресивни фази“ без некоја посебна причина.
- Раковите им се особено лојални на пријателите и семејството.
ЛАВ
- Во еден момент може да биде вљубен до уши, а веќе во другиот да посака да ја запали куќата без некоја посебна причина.
- Лавовите најчесто го прават она што го сакаат и кога сакаат, без да се консултираат со никого.
- Лавот ќе направи сè за да бидете вистински среќни.
- Не обидувајте се да влезете во дискусија со Лавот. Никогаш нема да победите.
- Лавот се сака самиот себеси. Немојте да очекувате да ве сака вас повеќе.
ДЕВИЦА
- Девицата премногу ги анализира работите. Во состојба се да ги анализираат работите со часови со цел да пронајдат некој проблем.
- Никогаш не мируваат. Дури и кога спијат, тие потсвесно го планираат наредниот ден.
- Девицата сака секогаш да биде вљубена, а од друга страна живее со стравот дека никогаш нема да пронајде некој што навистина ќе го/ја сака.
- Доколку ви е лута за нешто бидете сигурни дека Девицата ќе ви го каже тоа.
- Девицата е убедливо најверниот знак во Зодијакот.