Последното нешто што девојките сакаат да го добијат за празниците, според хороскопот
Додека некои момци добро си ги познаваат девојките, има некои кои лутаат кога станува збор за подароци – хороскопот открива што не сакаат девојките да добијат за празниците од момците.
Дали сте од оние мажи на кои им се „темни“ кога треба да одберат подарок за девојката? Потребни ли ви се денови и десетици совети од најблиските за да најдете нешто соодветно?
Како што се ближат празниците, сигурно ви треба помош, ако ништо друго, барем да откриете што со сигурност девојките НЕ сакаат да добијат.
Во продолжение – што не сакаат девојките според хороскопскиот знак?
Овен
Гифт картичка од продавница за облека. Овие девојки повеќе сакаат да добијат нешто персонализирано, како карти за некој концерт или ваучери за спа – нешто во што ќе уживате двајцата, но сепак ќе биде нешто по нејзин вкус.
Бик
Готови корпи со сапуни и производи за хигиена. Таа повеќе би сакала да купите корпа и сами да ја наполните со работи кои таа ги сака и да вложите малку повеќе труд во нејзиниот подарок, наместо да купите готов комплет.
Близнаци
Долна облека која повеќе ви е од корист вам. Таа повеќе сака нешто топло и пријатно што ќе може да го носи во ладните, зимски денови и да се чувствува комотно. Дури и ако е долна облека, потрудете се да биде нешто што би ѝ се допаднало и навистина би го облекла.
Рак
Опрема за вежбање. Ова може да ја направи несигурна и да почне да се сомнева во нејзиниот изглед и во вашето мислење за неа. Повеќе би сакала кутија со козметички производи или шминка.
Лав
Пари. Иако е најлесно да ѝ дадете пари и сама да си одбере што сака, дури и ако е со најдобра намера – ќе погрешите. Овие девојки повеќе сакаат да направите нешто за нив, дури и ако само им подготвите вечера или ги однесете во ресторан.
Девица
Шолја за кафе со празнични мотиви. Освен ако нема некоја посебна таква желба, избегнувајте да ѝ купите шолја за кафе со налепници. Подобро одберете добро шише вино со чаша, па може да го испиете заедно.