Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хороскопски знаци кои секогаш доцнат

Некои луѓе едноставно никогаш никаде не можат да стигнат на време.

horoskopski-znaci-koi-sekogas-docnat-001.jpg

Сеедно е каде и во колку часот имаат договор, дали тие самите го одредиле времето или другата страна, сепак никогаш нема да дојдат во договореното време.

Едни доцнат од неорганизираност, други поради лоша проценка на време, трети од што не им е грижа...

Дали и вие сте помеѓу знаците кои секогаш доцнат?

Лав

Лавовите секогаш доцнат, но не го прават тоа намерно. Сакаат да излезат од дома на време, но токму тогаш им се случуваат непланирани обврски.

Секогаш им паѓа на памет уште само една ситница да завршат, пред конечно да тргнат на договорениот состанок.

Близнаци

Кога се во добро друштво, Близнаците честопати забораваат на времето. Може да помине предолго време без да погледнат на часовникот, а кога ќе видат колку е часот, сфаќаат дека уште пред 20 минути требало да бидат на друго место.

Овен

Кај лицата родени во знакот на Овенот календарот е секогаш полн од почеток до крај. Па, поради често презакажување и менување на плановите, се случува термините да се преклопат.

Постојано е во брзање и секогаш се потпира на тоа дека малку доцнење не е ништо страшно.

Рак

Раковите доцнат пак, затоа што не ги запишуваат термините во календар или нотес, па за жал некогаш едноставно забораваат дека договориле нешто. Така, многу често им се случува да доцнат и да пропуштат важни состаноци.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...
4 хороскопски знаци кои остануваат вечно млади во душа Стрелците се потсетник за сите останати знаци дека за да останеме млади во душа,...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Една причина зошто (не) треба да се омажите за него, според неговиот хороскопски знак Јарци - Негативна страна им е што знаат да бидат исклучително тврдоглави, ќе сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg