Каков одмор му е потребен на секој од знаците пред да заврши летото?
Вага
Не планирате многу однапред, па имате тенденција да се качите во автомобилот со 2 крпи и да извозите до некое диво островче, само за да го почувствувате мирисот и вкусот на морето. Ова е за вас е совршената летна завршница.
Скорпија
За промена, направете нешто што го планирате одамна – јавање коњи во дива недопрена природа или рафтинг на некоја голема река. Излезете од комфорната зона, одморот не мора да значи само лежење на плажа со книга и коктел во раката.
Стрелец
Вашиот немирен, авантуристички дух ќе ве однесе на најнеочекуваното место за одмор – во казино! Комбинацијата на лесна добивка, огромен базен, спа и многу пијалаци претставува совршен избор за забава + одмор.
Јарец
За вас одморот подразбира место кое дише со историја и култура, земја од којашто ќе научите многу и ќе ги проширите видиците. Рим и Фиренца се совршениот избор кои ќе ја задоволат вашата жед за знаење.
Водолија
Два збора: летен фестивал! Многу луѓе, многу енергија собрана на едно место, одлична музика и не ви е потребно ништо повеќе. Ќе го дочекате и зајдисонцето и изгрејсонцето, бидејќи вашата максима е – животот е премногу краток за спиење, особено додека сте на одмор.
Риби
Најголемите романтични сонувачи како вас совршено ќе се снајдат во Дизни паркот. Ова е најсовршената дестинација за завршување на летото, скроена по ваш вкус – забава, паркови, луди возења и многу сонување истовремено. Вистински одмор од сказните.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





