Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Веѓите, усните, нозете - која е ваша најубава физичка карактеристика според хороскопот?

Секој хороскопски знак има атрактивна физичка карактеристика која е дефинирана во првата куќа од нивната натална карта. 

vegjite-usnite-nozete-koja-e-vasa-najubava-fizicka-karakteristika-spored-horoskopot-01.jpg

Ова е карактеристика која најмногу им се допаѓа, бидејќи има врска со нивната животна цел и начинот на кој живеат и делуваат на луѓето околу нив. 

Пронајдете го вашиот хороскопски знак и откријте ја вашата атрактивна физичка карактеристика!

Овен

Една од најубавите карактеристики на вашето тело се вашите веѓи. Тие се најистакнати, ви даваат доза на невиност, а понекогаш и бес - во зависност од вашето расположение.

Бик

Најатрактивна карактеристика на овој знак се усните. Тие се често впечатливи, со идеални линии.

Sekoj horoskopski znak ima atraktivna fizicka karakteristika koja e vasata 02

Близнаци

Вашата најатрактивна карактеристика е вашиот тен, кој е секогаш фантастичен. Вашата авантуристичка и љубопитна природа ве одржуваат млади, ментално и физички.

Рак

Раковите имаат најубаво торзо. Тешко е да не ги забележите нивните движења.

Лав

Овој знак е препознатлив по својата прекрасна, густа коса.

Sekoj horoskopski znak ima atraktivna fizicka karakteristika koja e vasata 03

Девица

Најдобрата физичка карактеристика им е кожата. Девиците трошат многу време на својот изглед, па не изненадува што нивната кожа е секогаш мазна, мека и беспрекорна.

Вага

Вагата може да се пофали со најдобра задница. 

Скорпија

Познати како најдобри љубовници, Скорпиите секогаш ги истакнуваат нивните ерогени зони. Вратот, ушитe и бедрата се нивни најатрактивни физички карактеристики.

Стрелец

Стрелците го имаат најубавиот грб, затоа често сакаат да носат отворени фустани.

Sekoj horoskopski znak ima atraktivna fizicka karakteristika koja e vasata 04

Јарец

Јарците се препознатливи по своите фантастични нозе.

Водолија

Нивните стапала им се најубавата карактеристика.

Риби

Рибите ги фасцинираат луѓето со своите очи. Ги разбиваат најсилните ѕидови и никој не може да се скрие од таков поглед.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg