Зошто останувате во лоши и нефункционални врски според хороскопскиот знак?

Сите, признавале или не, сме во потрага по љубов и таа сродна душа која мислиме дека ќе нè направи среќни, подобри и целосни.

Zosto-ostanuvate-vo-losi-vrski-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Сепак, неретко ни се случува да ја изгубиме перцепцијата за она што е реално и добро. Па најчесто завршуваме во лоши и нефункционални врски за кои се држиме како давеници за сламка, одбивајќи да ги завршиме истите.

Зошто луѓето упорно остануваат во дисфункционални љубовни врски и бракови според хороскопскиот знак?

Овен – Ја сака возбудата и неизвесноста, одбива да му биде здодевно

Овните се истакнуваат по својата страст, тврдоглавоста и нивниот авантуристички дух. Но тие се добро познати и по фактот што многу лесно се уморуваат и работите (и луѓето) брзо им здосадуваат.

Тие се во потрага по некој што константно ќе им го задржува вниманието. Понекогаш се свесни дека врската којашто ја имаат е лоша, но доколку партнерот прави да им биде возбудливо и интересно Овните сепак остануваат со него, бидејќи потајно се привлечени кон драма и претерување.

Бик – Удобно им е во својата комфорна зона

Посветени, особено ја ценат својата комфорна зона и секојдневната рутина која долго ја усовршувале. Штом ќе пуштат некого во својот живот на Биковите им е особено тешко да кажат збогум, иако се свесни дека врската не е особено добра за нив.

Радо би останале во врската и би ги издржале сите негативни работи не нарушувајќи го својот комфор, отколку да донесат радикална одлука и да си го превртат животот наопаку.

Близнаци – Не можат да одлучат што сакаат во животот и љубовта

Постојано се преиспитуваат себеси и се прилично неодлучни. Ова ги прави пребирливи кон партнерите, но истовремено ова се и причините поради кои решаваат да останат со некого, иако треба да бегаат што подалеку од нив.

Загрижени се дека доколку го остават партнерот ќе направат погрешен чекор и ќе зажалат за одлуката. Близнаците постојано се грижат и за себе сметаат дека се прилично „тешки за трпење“ па имаат среќа што конечно нашле партнер, каков и да е.

Рак - Заслепени се од љубовта

Раковите имаат репутација на луѓе кои силно се грижат за партнерите и се вљубуваат на прв поглед. Од првиот ден може да се замислат себеси и партнерот неколку години во иднината како го поминуваат заедно остатокот од животот.

Овој начин на размислување прави да ги игнорираат сите предупредувачки сигнали на лошите врски. Раковите се фокусираат само на добрите работи и целосно ги игнорираат негативните аспекти во односот со партнерот.

Лав – Не сака да признае дека згрешил во изборот на партнер

Не е лесно да се задоволи еден Лав. Тој радо би го поминал животот сам, отколку со некој што не е вистинскиот човек за него.

Сепак, кога овој знак го инвестира своето време, љубов и внимание во некого, колку и да е погрешна таа личност, Лавот поради својата суета и тврдоглавост одбива да признае дека згрешил во изборот.

Исто така, Лавот е малку зависен од драма и претерување. Длабоко во себе е свесен дека треба да ја прекине врската, но потребата од драматизирање е малку посилна од реалноста.

Девица – Мисли дека е виновна што не знае како да ги поправи нештата

Аналитични и критички настроени, на Девиците им е потребно малку повеќе време да одлучат дали сакаат да бидат во врска.

Но штом ќе ја официјализираат врската, истите овие карактерни особини не им дозволуваат да ја раскинат откако ќе увидат дека нештата не функционираат сјајно.

Имено, Девицата се чувствува виновна што не може да ги поправи лошите работи и смета дека секогаш постои решение за проблемот. Таа нема да се смири додека не го пронајде, макар тоа било на нејзина сопствена штета во поглед на љубовта.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg