Љубовен хороскоп за мај 2019: Лавовите - будење на страста, Биковите - недокажани работи со бившите
Вага
Ако сте во врска:
Вашата љубовна приказна ќе минува низ комплициран период. Ќе имате чувство дека мора да исполните сечии очекувања и ќе мислите дека никој не обрнува внимание на вас.
Мора да ги одвикнете партнерот и другите од домот да очекуваат премногу од вас. Потоа ќе имате време да работите на односот во врската и да минувате повеќе безгрижни мигови заедно.
Ако сте слободни:
Ќе чувствувате потреба да бидете слободни и да патувате и да се забавувате. Нема да ве интересираат сериозни врски.
Кон средината на месецот ќе се појави личност што лудо ќе се вљуби во вас. Ќе ве освои со начинот на кој ве третира. Нема да чувствувате притисоци и очекувањата ќе ви бидат задоволени.
Скорпија
Ако сте во врска:
На поле љубов ќе ви владее убава енергија. Заедничките мигови со партнерот ќе ви бидат вистинско освежување. Ќе сфатите дека всушност токму тоа ви недостигало.
Мало заладување на односите е можно ако не пронајдете компромис за некоја важна работа. Комуникацијата во еден краток период ќе ви биде формална. Но, со малку поголема доза на ведрина и нежност ќе ги вратите работите во нормала.
Ако сте слободни:
На забава ќе запознаете личност која ќе ви изгледа поинаку од сите други и таа нејзина посебност ќе ве привлече. Но, запомнете дека тоа е личност со авантуристички дух, која не сака да се врзува. За врска ќе мора да почекате.
Љубовни искри се можни и на некој деловен состанок. Со таа личност имате тон заеднички теми на разговор и до крајот на месецот ќе бидете во стабилна емотивна врска.
Стрелец
Ако сте во врска:
Ќе имате сериозни несогласувања со саканата личност. Двајцата ќе бидете со променливо расположение и постојано ќе ги менувате ставовите и нема да успевате да се договорите и околу најмалите работи.
Мора да се потрудите од животот да ги исфрлите непотребните обврски, да се тргнете на страна од тоа што залудно ви го окупира времето и да се посветите малку повеќе на партнерот. Тоа ќе му се допадне и ќе ви врати со иста мерка.
Ако сте слободни:
Повеќе од една личност ќе ви се приближи за да оствари контакт со вас. Вам ви се допаѓа вниманието, но од друга страна ви се допаѓа некој што е недостапен.
Со спонтаноста, смислата за хумор и интелигенцијата ќе направи да оставате силен впечаток каде и да се појавите.
Јарец
Ако сте во врска:
Нема добро да ги распоредите обврските околу домот и семејството, па може да дојде до заладување на односите со партнерот поради тоа. Ако не сакате конфликти, избегнувајте ги чувствителните теми.
Откако ќе поставите рамнотежа, партнерот ќе покаже подготвеност да толерира некои од вашите неподносливи навики. Реновирање на домот би бил одличен заеднички потег кој ќе ве поврзе на нов начин.
Ако сте слободни:
Прифатете ја поканата за излегување од една личност која изгледа пристојно, но ви остава впечаток дека е здодевна. Верувајте, ќе ви остави позитивен впечаток.
Ќе ви годи спонтаноста со која ќе се одвиваат работите. Дури и самите ќе соберете храброст да поканите на состанок личност што ви се допаѓа одамна, па ќе имате многу случувања месецов.
Водолија
Ако сте во врска:
Ќе уживате со пријатните мигови со партнерот и заедничките активности ќе ве исполнуваат двајцата со задоволство. Отворено ќе разговарате за желбите и потребите и ќе се потрудите еден на друг да си исполните најмалку една желба.
Втората половина на мај ќе ви донесе можност за подобрување на заедничкиот живот. Можно е некое спонтано и интересно патување.
Ако сте слободни:
Во почетокот на месецот ќе запознаете нова личност која комплетно ќе ве воодушеви и ќе направи да се вљубите до уши. Може да не живее на исто место со вас, но далечината нема да ви претставува проблем бидејќи емоциите ќе бидат вртоглави.
Внимавајте да не се пуштите во авантура со некој што не е слободен. Тајната врска навистина нема да ви годи на менталното здравје.
Риби
Ако сте во врска:
Малку повеќе ќе бидете посветени на работата, а помалку на љубовта и тоа нема да се одрази добро врз односот со саканата личност. Посветете ѝ повеќе време и исполнете го даденото ветување.
Убаво ви било да отпатувате некаде на неколку дена и да имате мигови посветени само на вас двајцата. Направете пауза од сè друго.
Ако сте слободни:
Ќе излегувате со некоја личност на која многу ѝ се допаѓате, но можно е со неа да ви одговара само дружба, но не и нешто повеќе.
Покажете заинтересираност и влезете во емотивна врска само ако тоа вистински го чувствувате. Време посветете ѝ само на личност која чувствувате дека можете вистински да ја сакате.
С. С. | Црнобело / depositphotos.com