Љубовен хороскоп за април 2019: Девиците ќе добиваат доволно внимание, Рибите ќе навлегуваат само во површни врски

ljuboven-horoskop-za-april-2019-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот ќе наидете на несогласувања со партнерот, поврзани со семејството или распоредот на домашните обврски. Расправиите ќе ги надминете само ако покажете поголема флексибилност и адаптација на моменталната ситуација.

Средината на април ќе ви помогне да го решите она за што не можевте да се сложите порано. Важно е да избегнувате постапки во кои партнерот ќе изгледа смешно.

Ако сте слободни:

Склони сте на фантазирање за идеална љубовна врска, но притоа ништо не преземате за таа да стане реалност. За неколку личности имате високо мислење и големи очекувања, но ќе се разочарате кога ќе сфатите дека не се ни одблизу такви какви што ги замислувавте.

Во третата декада од април ќе запознаете нова личност со која емотивно ќе се поврзете. Избегнувајте идеализирање и игнорирање на маните, ако сакате добри шанси за складна врска.

Скорпија

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот ќе го започнете романтично расположени, со страсти и желба да ги исполните сите желби на партнерот. Другата страна ќе биде пријатно изненадена и ќе ви возврати со иста мера. Уживајте во хармонијата.

По 20-ти април ќе покажете поголема иницијатива и ќе бидете заштитнички настроени. Ако бидете добра потпора за саканата личност, несвесно ќе ја подобрите близината и ќе ја однесете врската на повисоко ниво.

Ако сте слободни:

Една личност ќе направи се што може за да ве освои. Вам ќе ви одговара вниманието кое го добивате, но нема да чувствувате никаква привлечност. Наместо тоа, ќе се заљубите во некој кон е склон на манипулации.

За тоа ќе се освестите дури во втората половина од април, кога емоциите може да го надвладеат разумот. Големи се шансите за љубовно разочарување кон крајот на месецот.

Стрелец

Ако сте во врска:

Почетокот на април ќе ви донесе мали несогласувања околу домашните и семејни обврски. Комуникацијата со партнерот ќе биде конфузна и нема да имате разбирање. Потребно е да имате многу трпение. Потпрете се на интуицијата ако сакате до средината на месецот работите да се ублажат.

По 15-ти април ќе имате променливо расположение и може да играте топло-ладно со саканата личност. За жал, сето тоа е последица на запоставувањето од страна на партнерот.

Ако сте слободни:

Заљубени сте во личност која и физички премногу ве привлекува, но ќе сакате подобро да се запознаете. По неколку средби може да се разочарате и да сфатите дека сте два комплетно различни света.

Средината на месецот ќе ви донесе ново познанство кое на почеток ќе биде добро, но ќе наидете на сериозно искушение дали да го продолжите, поради неискреност од другата страна. Не влегувајте во неизвесни врски.

Јарец

Ако сте во врска:

Ќе имате повеќе време за заеднички активност овој месец. Имате јасни цели што сакате да промените со партнерот, па совршено ќе се сложите. Ќе ви одговараат честите заеднички излегувања и дружења со повеќе луѓе. Комуникацијата на моменти може да биде конфузна и отежната, поработете на тоа.

Во втората половина на април треба повеќе да се посветите на интимните моменти и да испланирате викенд патување на кое ќе бидете сами.

Ако сте слободни:

Вниманието ќе ви го задржи личност која повремено се појавува во ваша близина и на собиранките со друштвото, а по природа е повлечена. Иницирајте разговор, ако сакате да откриете дали сте компатибилни.

Во втората половина од месецот ќе мора да прифатите дека не сите се совршени, ако сакате новите врски со потенцијал да потраат. Ќе ве привлекуваат луѓе кои можеби немаат физички квалитети, но се духовно богати.

Водолија

Ако сте во врска:

Почетокот на април може да ви донесе несогласувања и обвиненија дека го запоставувате партнерот. Големи се шансите нешто што долго време држевте во тајност да излезе на виделина и да ви го наруши мирот.

И втората половина од месецот ќе виде во знак на тензичните разговори и несогласувања, посебно ако ги замешате останатите членови од семејството. Нема да имате многу трпение. Неопходно ќе биде да постигнете договор пред тензијата да ви ја прекине врската.

Ако сте слободни:

Потребен ви е квалитет во љубовта. Минливот квантитет нема да ве интересира, па тоа може да ви ги отежни работите. Ќе запознаете квалитетна личност, но пребрзо ќе сакате да влезете во врска.

Средината на април ќе ви донесе познанство со личност која делумно ги исполнува вашите критериуми. Потпрете се на спонтаноста ако сакате поврзаноста да потрае. Бидете внимателни бидејќи може да се соочите со скриени мотиви од другата страна.

Риби

Ако сте во врска:

На почетокот на април ќе бидете склони на идеализирање на партнерот и тоа ќе ве спречи да видите каде греши и што навистина ви пружа во љубовта. Подобрете го вашиот социјален живот и повеќе забавувајте се.

Втората половина на месецот ќе ви донесе конструктивни разговори со партнерот насочени кон заедничките цели и финансиски планови за иднината. Прифатете ги идеите кои ги има другата страна, не бидете тврдоглави.

Ако сте слободни:

Чувствувате потреба за забава, па затоа ќе навлегувате само во површни врски и авантури каде нема да сакате да се врзувате. Ќе си дозволите комплетно спонтани и непланирани ситуации.

Сепак, со една личност ќе остварите романтична конекција, покрај обостраните страсти. За жал, треба да се препуштите на убавите моменти додека траат, бидејќи заклучно со крајот на април – и оваа љубовна поврзаност ќе заврши.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Кои хороскопски знаци ги очекува љубов до крајот на летото 2024? Ѕвездите ви се наклонети до крајот на летото, па некои Скорпии ќе добијат понуда...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg