Хороскоп во една реченица - Што да очекува секој знак од 2019-та?
Вага
Како знак кој сака да им угодува на другите, но и себеси, ќе сфатите дека понекогаш сепак треба да застанете цврсто на земја и да припазите на финансиите, бидејќи пренапорно работите за да се расфрлате со парите како да се ништо.
Скорпија
Полесно ќе го совладувате вашиот жесток темперамент и ќе бидете пообѕирни кон другите, откривајќи дека не сите луѓе се силни како вас, па не би сакале со своите импулсивни реакции да повредите некој за кого навистина се грижите.
Стрелец
Имате остар ум и сте директна личност, но сепак оваа година ќе биде воздржани и повеќе ќе внимавате на она што го кажувате, за вашите искрени коментари да не повредат сакани личности.
Јарец
Повеќе ќе се смеете и забавувате, кога ќе сфатите дека животот го сфаќате пресериозно, заради што досега низ годините сте биле тажни и молчаливи, кога другите биле полни со радост.
Водолија
Секогаш знаете да го дадете правилниот совет на другите, но досега ви било тешко да примите сугестија, што ќе се промени во 2019-та година и ќе ви донесе поголема емпатија, споделувајќи ги своите болки и разочарувања со блиските.
Риби
Заради вашата добронамерна природа, луѓето често знаат да ве искористат, но во 2019-та ќе научите повеќе да ѝ верувате на интуицијата, која ќе ве предупреди дека во светот постојат луѓе кои едноставно треба да ги избегнувате.
М. Д. | Црнобело / Фото: depositphotos.com