Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нумеролошка прогноза за 2019-та година - Година за личен развој, среќа и патување

По прилично бурната 2018-та година во знакот на бројот 2, пред нас е година која носи многу значајно растеретување, како на глобален, така и на личен план.

numeroloska-prognoza-za-2019-ta-godina-godina-za-licen-razvoj-srekja-i-patuvanje-001.jpg

2019-та година ќе биде одбележана со енергијата на бројот 3, бидејќи кога ќе ги собереме сите цифри (2+0+1+9=12) додека не добиеме едноцифрен број (1+2=3) го добиваме овој број.

Радувајте се, бидејќи влегуваме во период на стабилизација, личен раст, огромна енергија, напредок и добри шанси.

Бројот 3 е поврзан со планетата Јупитер, која владее со знакот на Стрелецот. Ова укажува дека во 2019-та година луѓето ќе имаат повеќе среќа, отколку памет, а на многумина тоа ќе им помогне да дојдат до неочекувано влијателни и моќни луѓе.

Ќе ги има и оние кои конечно ќе си го исполнат сонот да одат во странство, во потрага за среќа и подобар живот.

Годината на тројката ќе изобилува со добри вибрации, смеа, желба за авантура, патувања, учење, но и за помагање на лицата кои имаат потреба од помош.

Важно е во оваа година да бидете умерени во сè, па дури и во позитивната еуфорија која ќе се чувствува насекаде.

Бројот 3 е тесно поврзан и со личниот развој и е знак дека оваа година ќе имате шанса да се поврзете со повеќе истомисленици и мотивациони говорници.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Финансиски хороскоп за јануари 2025-та - Кои знаци ќе имаат загуба, а кои ќе се збогатат овој месец? Вага - Ако имате свој бизнис, ова ќе биде тежок месец за вас на финансиски ...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg