Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вагата е однадвор прибрана, однатре хаотична - краток и прецизен хороскоп за секој од знаците

ВАГА

Однадвор прибрани, однатре хаотични. Постојано зборуваат за своите деца или за пријателите кои ги имале порано. Имаат добри намери, иако понекогаш работите излегуваат наопаку, а тие се посочени како главните виновници.

Многу веројатно е дека имале фаза од животот во која биле опседнати со својата мачка, која ја поистоветувале со свое бебе.

СКОРПИЈА

Најчесто ќе ги видите облечени во црно. Попаметни се отколку што покажуваат. Не се плашат да ги прозват луѓето чие однесување не им се допаѓа и сметаат дека е некоректно.

Уживаат во обратна психологија и ситуации како „лут сум ти, затоа што ти ми се налути на мене“. Веројатно ги знаат сите ваши тајни. Но, Скорпиите се најлојални пријатели и ќе се соочат со сите демони од кои ви е премногу страв.

СТРЕЛЕЦ

Привлечни, атлетски градени, атрактивни. Сакате да ги мразите, но реално не можете затоа што се премногу фини со вас.

Преферираат да имаат 1-2 блиски пријатели, отколку цела армија непотребни лажни додворувачи. Прилично се тивки и повлечени во ново опкружување и друштво.

ЈАРЕЦ

Премногу се плашат да кажат што било во одбрана на луѓето кои ги сакаат кога некој друг зборува нешто лошо за нив. Имаат исклучително чудна смисла за хумор и по малку се перфекционисти.

Имаат некои необични, чудни навики за кои сметаат дека се сосема нормални, сè додека не им ги посочите. Сепак, не ги земаат туѓите коментари и критики за зло.

ВОДОЛИЈА

Имаат исклучителен талент да ја прикажат само онаа страна која сакаат другите луѓе да ја видат од нив.

Можат скоро секого да го насмеат и се едни од најпријатните и најфините луѓе кои ќе ги запознаете во животот.

Немаат навика да ги кршат правилата или да газат по луѓето само за да го остварат она што го замислиле.

РИБИ

Преку глава им е кога ги етикетираат како нежни, емоционално и лесно раздразливи и плачливи, иако описот е неверојатно точен. Во најголем дел од времето немаат идеја што се случува.

Подобро комуницираат со животни, отколку со луѓе. Главата им е преполна со необични и интересни, но најчесто непотребни податоци.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Од која лоша навика треба да се ослободите за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарец – Прифатете дека неуспехот не значи крај на патот, туку можност за созрева...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg