Љубовен хороскоп за септември 2018: Близнаците ги чекаат сериозни разговори, Водолиите непристојни предлози
Што ќе ви се случува на поле љубов во септември? Што ќе ви донесат крајот на летото и почетокот на есента?
Дали нова краткотрајна авантура или стабилизирање на односите со партнерот?
Овен
Ако сте во врска:
Ќе уживате во забавни активности со саканата личност на почетокот на месецот. Можно е понатаму да има некои несогласувања бидејќи ќе бидете повеќе посветени на излегувања со пријатели, но двајцата избегнувајте љубоморни сцени и испади. Ќе успеете да најдете компромис околу финансиите, а на крајот на месецот ќе имате повеќе согласувања и ќе остварите заедничка цел.
Ако сте слободни:
Вашите обиди да започнете емотивна врска со личноста која подолго време ви се допаѓа може да завршат неуспешно. Ќе бидете нерасположени и ќе изгубите мотивација, но кон средината на месецот ќе запознаете личност полна со енергија и идеи кои ќе ви привлечат внимание. Ќе ги прифатите предизвиците и добро ќе се забавувате.
Бик
Ако сте во врска:
Во првата декада месецот ќе ви донесе несогласувања и конфликти, а силните страсти и љубомората ќе имаат удел за немирот во врската. Кон средината на месецот неопходен е компромис за да се реши ситуацијата. Се очекува да ги подобрите односите со саканата личност, но ќе мора повнимателно да пристапувате кон остварувањето на заедничките планови.
Ако сте слободни:
Ќе доживеете многу успеси со посакуваната личност, а вашето флертување ќе доведе до неколку заеднички излегувања, па вратата за почеток на нова врска ќе ви биде отворена. Сепак, може да имате преголеми барања, желби и очекувања, а потоа ќе следат и првите критики. Најмногу несогласувања може да има во врска со погледот на животот и секојдневните навики, па вие одлучете како ќе продолжите.
Близнаци
Ако сте во врска:
Ќе имате многу идеи како да се забавувате со саканата личност и како да ја зачините љубовната врска. Ќе сфатите дека сте се запоставиле и дека има многу за истражување и разговори кои не сте ги направиле. Исполнувањето на заедничките цели и планови, како и зачестените излегувања ќе направат повеќе да се зближите.
Ако сте слободни:
Ќе бидете расположени за забава и нема да бидете заинтересирани за сериозни врски. Ќе посакате авантури и врски кои се без обврски и површни. Единствено ќе ви недостасува личноста која ги дели таквите интереси со вас, а ќе запознаете повеќе потенцијални, па ќе треба да го направите вистинскиот избор.
Рак
Ако сте во врска:
Очекувајте повеќе разговори на сериозни теми со саканата личност кои ќе ве водат кон решавање на она што е приоритетно на љубовно поле. Ќе внесете повеќе забава и страст во врската, а тоа ќе придонесе за стабилност на истата. Втората половина на месецот може да биде постресна и напорна и потешко ќе се договарате околу заедничките обврски.
Ако сте слободни:
Личноста која ви се допаѓа ќе се однесува незаинтересирано и ладно. Тоа на почетокот ќе ве растажи и ќе се откажете од обидувањето да ја придобиете, но набрзо ќе забележите дека некој на кого не сте му обрнувале внимание, срамежливо ќе ви се додворува. На почетокот ќе игнорирате, но подоцна ќе дадете шанса и ќе се изненадите позитивно.
Лав
Ако сте во врска:
Во првата половина на септември ќе бидете во можност да разговарате со партнерот повеќе од вообичаено и да решите многу работи кои сте ги притискале во себе периодов. Повеќе ќе се ангажирате околу заедничките планови, излегувања и забава и ќе знаете како да преземете иницијатива. Во втората половина можни се несогласувања, но ќе успеете да ја надминете кризата со заеднички сили.
Ако сте слободни:
Искористете ја што подобро можноста која во текот на септември ви се пружа кога станува збор за влегување во емотивна врска. Тоа може да биде полн погодок и нешто што го чекате долго време. Ќе запознаете личност која е динамична, комуникативна, полна со иницијатива и практични идеи. За кратко време ќе почувствувате привлечност, па дајте сè од себе да успее.
Девица
Ако сте во врска:
Бидете внимателни во првата декада на септември бидејќи партнерот може да се сомнева во вас без никаква основа. Доколку не го поправите однесувањето ќе оставате погрешен впечаток, па направете што можете за да нема недоразбирања. Постигнете компромис за да ги надминете несогласувањата, а во втората половина од месецот искреноста ќе има клучна улога, па ќе дојде до смирување на тензијата.
Ако сте слободни:
Личноста која ви се допаѓа не реагира така како што си замислувате со оглед на вашиот флерт. Наместо да ја промените тактиката, ќе се повлечете и ќе бидете подготвени да се откажете. Сепак, најдете начин да го надминете разочарувањето и да ја привлечете личноста и набрзо ќе успеете. Страста ќе биде силна и тоа најмногу ќе ве одржува, но бидејќи е тоа единственото што ве држи, може да ја прекинете врската.