Скорпијата гази по луѓето, Близнаците раскажуваат едни исти приказни – навики што нè иритираат кај секој од знаците

ВАГА

Многу сум неодлучна… или не сум? Да, тоа се Вагите, вечно во дилема, вечно неодлучни. Може да ги излудат луѓето околу нив. Дури и да донеле некоја одлука, тие ќе ја преиспитуваат уште многу долго по нејзиното спроведување.

Иритира моментот кога ќе ги консултираат буквално сите за нешто што е само нивна лична работа.

Но, дури и кога ќе ги советувате најдобро што можете, после долго премислување пак ќе пресечат по свое. И повторно ќе се жалат, незадоволни од својата одлука.

СКОРПИЈА

Скорпиите очекуваат да им ги доверите своите најмрачни скриени тајни, додека самите одбиваат да им се доверат на други луѓе. Воедно, иритира нивната способност да ги манипулираат луѓето за нивните цели.

Никој не сака да биде искористен, меѓу кои и Скорпијата и таа е сосема свесна за тоа, но сепак тоа не ја спречува да гази по луѓето за да ја оствари сопствената цел.

СТРЕЛЕЦ

Овој знак има страв да се врзе за едно место или одредени луѓе, па затоа никогаш не преземаат одговорност за своите постапки.

Стрелците ги иритираат другите луѓе со својот хумор – не е дека не се смешни, но не ја знаат границата на добриот хумор или некоја закачка.

Луѓето ги доживуваат како импулсивни „големи-мали деца“ кои не ја знаат границата на доброто однесување и би сториле сè за да направат смешка, иако никој не се смее на крајот.

ЈАРЕЦ

Тие работат постојано, напорно и без прекин, а другите луѓе се чудат како не им се потребни паузи, како се толку амбициозни, и како не може да одвојат ни 3 секунди за една обична насмевка или добар збор.

Уште една лоша навика кај Јарците е тоа што понекогаш премногу ги осудуваат другите луѓе и одбиваат да ја погледнат ситуацијата од друга перспектива, освен од сопствената.

Самоуверени се и мислат дека се подобри од другите, што е прилично иритирачка особина.

ВОДОЛИЈА

Водолиите сакаат да создаваат мини-драми, само затоа што им е здодевно. Доколку 9 луѓе се согласат околу една иста работа, верувајте дека десеттиот глас кој ќе оди спротивно од општото мислење е оној на Водолијата.

Очекуваат другите да се разбрани и емпатични кога се работи за нивните емоции, но се прилично студени и незаинтересирани кога се работи за чувствата на другите луѓе.

РИБИ

Најлошата навика кај Рибите е тоа што си ги присвојуваат туѓите проблеми како свои. По природа се многу дарежливи и несебични, но заради тоа си создаваат проблеми, бидејќи не знаат да кажат НЕ.

Токму затоа најчесто ја преземаат улогата на жртва, а тогаш се неподносливи, бидејќи само се жалат, а не прифаќаат туѓи совети и критики.

Рибите најчесто умеат да го прекинат тековниот разговор со нешто сосема трето што им текнало во моментот, а ваквите навики најчесто ги нервираат луѓето.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Од која лоша навика треба да се ослободите за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарец – Прифатете дека неуспехот не значи крај на патот, туку можност за созрева...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg