Дали сте среќник или најголем баксуз на светот според хороскопот?
Некои луѓе изгледа како да се родени под среќна ѕвезда и сè им оди од рака. Други пак се најголемите малери коишто сме ги сретнале. Во која група припаѓате вие според хороскопскиот знак?
Овен
Иако вашата планета Марс ја сака војната, тоа не значи дека целиот ваш живот ќе го потрошите на војување и борби. Всушност, како упорен Овен вие сте предодредени да победите во секоја битка која ќе ја одберете.
Паметни сте, мотивирани и добро артикулирани луѓе, па токму затоа вашата среќа е одраз на силната личност и карактер, отколку самата среќа која ја носите како знак од зодијакот.
Бик
Животот како секогаш да крие некое изненадување за вас кога најмалку го очекувате.
Иако понекогаш се чувствувате несреќно, самиот факт што сте сè уште тука, храбро преживувате и ги совладувате сите пречки кои ви ги сервира животот, е сигурен доказ дека вам и не ви е потребна некоја особена среќа, туку само снаодливост да се справите со животните предизвици.
Близнаци
Вие не сте едни од оние среќници. Всушност, вашиот живот е исполнет со многу предизвици и пречки.
Но постои и една добра вест: Поради вашата огромна страст за знаење, вие успевате да стигнете многу подалеку отколку што тоа би го направиле потпирајќи се исклучиво на вашата среќа.
Кому му е потреба среќа, кога имате шарм и ум кој функционира на таков уникатен начин?
Рак
Вие сте еден од оние знаци кои се вистински благословени со среќа.
Иако на патот постојано се појавуваат предизвици, вие имате родено чувство за насока и вештини со чија помош секогаш успевате вистински да се насочите кон целта. Среќата, секако, не е на одмет.
Лав
Мудри сте и одлучни, па воопшто и не се грижите дали имате среќа или не. Животот го доживувате како парче глина, а себеси како вајар, подготвени да ја обликувате сопствената судбина онака како што сакате.
Немате потреба од детелинка со 4 листа, вие сте капетанот на бродот наречен „Живот“.
Девица
Среќата како отсекогаш да била сосема малку од дофатот на прстите, а вие најверојатно сте веќе навикнати на тоа чувство на разочарување. Иако можеби ви изгледа дека вашиот живот е многу потежок отколку на другите луѓе, постои причина зошто среќата ве заобиколува.
Затоа што сте еден од најсилните знаци во зодијакот, имате многу искуство и истовремено умеете да ги научите и другите околу вас како да ги совладаат предизвиците.