Според хороскопот: Какo секој знак комуницира со саканата личност?

Вага

Предности: Исклучително сте љубезни и сакате да им угодувате на другите. Поради тоа, ќе се сложувате со партнерот, дури и ако не сте баш воодушевени од неговиот избор. Знаете да бидете особено дипломатични, па и лукави, тогаш кога имате потреба. Одоколу, наоколу, па веднаш на целта – тоа е вашата девиза. И компромисот секогаш ви е опција.

Недостатоци: Кога ќе доживеете неправда, никој не e понатажен и поналутен од вас. Силно ве погодуваат човечката грубост и неискреност. Меѓутоа, она што не го забележувате е дека и самите сте понекогаш во улога на манипулатор, особено во ситуациите кога ширите прекумерна љубезност, само со цел да го добиете она што го посакувате.

spored-horoskopot-kako-sekoj-znak-komunicira-so-sakanata-lichnost-5.jpg

Скорпија

Предности: Никој не може толку стручно, како вие, по пат на разговор да го детектира коренот на проблемите. Не се плашите да поставувате прашања, бидејќи сте спремни за секаков одговор. Знаете да водите длабоки и интензивни разговори, а некогаш уживате и во полемиките, коишто директно ве водат во спалната соба.

Недостатоци: Ретко кој друг знак може да биде толку отровен со зборови. Ја препознавате сечија слаба точка, па нишаните право кон неа. Кратко, јасно и по брза постапка – со неколку внимателно одбрани зборови. Не сте личност која прифаќа компромиси, бидејќи не верувате во нив. Играте на сѐ или ништо, што во одредени ситуации ве води до деструктивност.

Стрелец

Предности: Искреноста е ваша доблест. Што мислите, тоа и го кажувате. Не поднесувате игри и натегнувања. Партнерот постојано знае на што е со вас. Со своите зборови, пак, умеете да ја мотивирате другата страна, како и да ја инспирирате на дејствување. Ги почитувате и прифаќате ставовите на саканата личност, дури и кога тие не ви одат во прилог.

Недостатоци: Давате совети и тогаш кога тоа никој од вас не го очекува. Понекогаш, доволно е само да го ислушате, прегрнете и утешите партнерот. Знаете да бидете напорни кога нешто барате, или, пак, кога си мислите дека на другата страна ѝ треба помош. Вашата искреност и зборливост неретко умеат и да заболат.

spored-horoskopot-kako-sekoj-znak-komunicira-so-sakanata-lichnost-6.jpg

Јарец

Предности: Сѐ што говорите има смисла и води до некакво решение. Впрочем, вие нема ни да прозборите, доколку претходно не сте осмислиле добро што ќе кажете. Стоите зад сето она кое сте го рекле, а се држите и до дадениот збор. Никогаш не ветувате нешта кое не може да ги исполните. Комуницирате одговорно и доверливо.

Недостатоци: Честопати сте претерано сериозни и строги. Не сте од луѓето на кои шегите им се „лек“ за грижите, па на партнерот може да му биде доста тешко со вас. Од него везден ќе барате конкретни и прецизни одговори, а ако не успее да ги испочитува, свесен е и самиот дека со тоа ќе го загрози вашиот однос.

Водолија

Предности: Ваша добра страна е што ја почитувате различноста, така што партнерот кој сака или размислува поинаку од вас, вам нема да ви претставува голем проблем. Поседувате хумана црта на личноста, па мошне често и ја покажувате во комуникацијата со луѓето што ги љубите. Сакате да им бидете од помош и нивна поддршка, а тоа и недвосмислено им го давате на другите до знаење.

Недостатоци: Знаете да бидете недоверливи. Ќе ветите нешто, па попатно ќе го заборавите. Не затоа што немате волја да го исполните дадениот збор, туку едноставно изумувате. А, кога партнерот ќе ви се налути, вие сте изненадени. Кога вие, пак, нему ќе се налутите, тогаш не бирате зборови. Баш умеете да повредите со нив.

spored-horoskopot-kako-sekoj-znak-komunicira-so-sakanata-lichnost-7.jpg

Риби

Предности: Вашиот стил на комуникација е нежен, грижлив и прониклив. Целта ви е со зборови да ја спасите личноста што ја сакате. Знаете да го кажете вистинскиот збор во вистинско време, разгалувајќи ја душата на партнерот. Налик на Раковите, често читате и меѓу редови, па кога изговореното е спротивност на она што во себе го претчувствувате, веднаш ја намирисувате лагата.

Недостатоци: Одвреме-навреме сте недоволно искрени. Склони сте да ги премолчувате нештата кои се важни за другата страна, а кога вистината ќе излезе на виделина, вообичаено запаѓате во неволји. Не сте од луѓето кои јасно говорат што сакаат, ниту што точно им пречи во врската, така што партнерот може да биде на вистински маки, обидувајќи се да сфати што всушност смее, а што не смее со вас.

M. A. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Од која лоша навика треба да се ослободите за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарец – Прифатете дека неуспехот не значи крај на патот, туку можност за созрева...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....
Кој е вашата скриена (и најголема) дарба, според хороскопскиот знак? Скорпии, навидум сте затворена личност која не открива многу, но вашата најголем...
Една работа што сакате да ја правите, но не признавате, според хороскопскиот знак Девици, кога сте сами, сакате да ги проверувате туѓите профили на социјалните мр...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg