Љубовен хороскоп за март 2018: Девиците сакаат сериозна врска, Биковите ќе влезат во тајна врска
Вага
Ако сте во врска:
Ќе ѝ покажете на саканата личност колку цените некои особини и колку ви значи што во одредени моменти ви помага да се сфатите подобро себеси. Кон средината можно е да се појави тензија и на партнерот да му биде потребна сигурност и поддршка од ваша страна. Неопходно е да промените некои работи во врската и да ги решите несогласувањата што ви предизвикуваат тешкотии.
Ако сте слободни:
Ќе ви привлече внимание некој кој конечно ќе ви покаже дека му се допаѓате, што ваш близок пријател ќе ви го потврди. Ќе бидете отворени за запознавање и вашите гледања може да станат почести. Сепак, може нешто да ви создаде одбивност и нема да бидете заинтересирани да започнете врска. Ќе имате потреба да бидете слободни и да се дружите и излегувате.
Скорпија
Ако сте во врска:
На саканата личност ќе ѝ пружате внимание и ќе внесете радост, смеа и забава во врската. Ќе излегувате повеќе на места каде што има забава и ќе уживате во времето поминато заедно. Впуштете се во авантура и посетете ги сите места кои ви доаѓаат на памет. Втората половина од месецот ќе претставува предизвик за вас и ќе мора да ги надминете препреките кои ќе ви се најдат на патот. Ќе си наметнувате лични ставови еден на друг, па обидете се да најдете компромис.
Ако сте слободни:
Во март ве очекува љубов на прв поглед како од филмовите. Личноста ќе ве освои со убаво однесување и длабоки чувства. На почетокот ќе ви делува дека можеби е минливо, но во другата половина на март ќе сфатите дека помеѓу вас има голема страст. И покрај тоа, постои голема љубомора и претерани очекувања, но шансите за влегување на врска се на зависно ниво.
Стрелец
Ако сте во врска:
На почетокот на март ве очекуваат препреки и несогласувања со партнерот поврзани со ситници за кои не може да најдете заеднички јазик. Време е да почнете да ги решавате за да не создадат поголема напнатост во врската. Потребна ви е поголема забава, па вклучете ја и креативноста и пронајдете ги заедничките задоволства за да ги организирате активностите. Посветете повеќе внимание на плановите и подобрете ја комуникацијата.
Ако сте слободни:
Ќе ве привлекуваат комуникативни, забавни и интелигентни личности. Ќе се дружите со такви луѓе и често ќе излегувате заедно. Ќе откриете дека со некој имате многу заеднички интереси, но минатото на личноста може да ви создаде потешкотии во вашиот однос. Потребно е трпение доколку сакате да започнете заедничка врска и да се надминат сите претходно поставени препреки.
Јарец
Ако сте во врска:
Потрудете се да го исполните ветувањето кое сте ѝ го дале на саканата личност и посветете се повеќе на заедничкиот живот. Не заборавајте на дружење со заеднички пријатели и не одложувајте секогаш под истите изговори. Време е да се активирате повеќе и да посветите повеќе внимание на партнерот, во спротивно кон средината на месецот односите може да се оладат. Така, ќе ви биде потребно многу повеќе напор за да ги вратите работите во нормала.
Ако сте слободни:
Личноста која подолго време ви се допаѓа и често ја гледате на излегувања, ќе ви пружи шанса да ѝ пријдете и ќе се заинтересира за вас. Имајте предвид дека може да се работи за личност со многу барања и високи критериуми кога е врската во прашање, па може да бидете ставени на тест, без да забележите. Ако сакате да се докажете, ставете го овој однос на врвот на листата со приоритети.
Водолија
Ако сте во врска:
Во март конечно ќе сфатите што му е потребно на партнерот за да се чувствува сакано и задоволно од ваша страна. Ќе се потрудите да му го пружите тоа и ќе ви биде возвратено со пријатно изненадување, што ќе ѝ донесе на врската повеќе среќа и разбирање. Ќе бидете приспособливи и оптимистично расположени на секое поле во врската. Ќе имате повеќе време за заедничка забава, но внимавајте кон крајот да не потпаднете на влијанија и да создадете несогласување.
Ако сте слободни:
Конечно ќе запознаете личност која е поразлична од сите претходно. Ќе препознаете во неа нешто што ве поврзува, а на прво место ќе ви биде оригиналноста. Од една страна може да имате отворени разговори на различни теми за кои се разбирате, а од друга, ќе ви биде тешко да ги разбудите длабоките емоции. Рано е да размислувате за врска, бидете трпеливи.
Риби
Ако сте во врска:
Малите несогласувања со саканата личност може да бидат застапени во врската на почетокот на март, но ќе бидат минливи. Потребно е да најдете начин да се договорите околу работите кои ви се неопходни за врската да не стане монотона. Направете промени и впуштете се во заеднички авантури и акции. Прифатете поголема одговорност и избегнувајте своеглаво однесување. Не дозволувајте несогласувањата од минатото да се таложат без да се решат.
Ако сте слободни:
Ќе бидете разочарани и ќе почнете да верувате дека не постојат романтични личности, но набрзо ќе го промените мислењето. Ќе запознаете некој што може да важи за ваша сродна душа и после долго време ќе имате шанса да уживате во романтични излегувања на места кои сакате да ги посетувате. На прв поглед иако изгледа идеално, сепак внимавајте и подобро запознајте го потенцијалниот партнер.
М. М. | Црнобело