Кои хороскопски знаци меѓусебно си одат на живци?
Едни комбинации се предодредени за љубов, други се идеални пријатели, а трети, пак, едноставно не можат да се поднесат.
Кога тие ќе се сретнат, секогаш фрчат искри на нетрпеливост.
Има такви кои се иритираат бидејќи се прилично слични по темперамент, но повеќето си замеруваат затоа што се комплетно различни.
Ова се хороскопските знаци кои меѓусебно се нервираат:
Овен
Речиси ништо не може да ги запре Овните. Амбициозни се и полни со елан, па секогаш им успева да ја завршат секоја задача. Луѓето што се ни ваму, ни таму, како Близнаците, кои со своето премислување може да ги спречат на патот до целта, ним им се трн во окото.
Бик
Сигурни, полни со доверба и мошне често продуховени, Биковите тешко можат да ги разберат напорните и ситничави цепивлакна, како тие родените во знакот на Јарец.
Близнаци
Живи, комуникативни и понекогаш каприциозни, Близнаците не можат да најдат заеднички јазик со интровертните и пасивни Риби.
Рак
Полни со љубов, сочувствителни и романтични какви што се, Раковите лесно може да се изнервираат поради непредвидливите, екстремни и темпераменти Скорпии.
Лав
Самоуверените Лавови копнеат по слава и признанија, па не поднесуваат кога некој ќе им го украде шоуто. Не е ни чудо што поради тоа често не се сложуваат со припадниците на сопствениот хороскопски знак, Лав.
Девица
Девиците се секогаш врвно организирани, малку невротични, многу уредни, ама и под постојан стрес. Ако сретнат некого што ќе им укаже на личните слабости – на пример, друга Девица – тоа нема да биде баш забавно.