Првата мисла по будењето на секој хороскопски знак
Дали сте од оние кои се будат пред ѕвонењето на алармот или од другата група луѓе кои стискаат snooze околу 6 пати пред конечно да се извлечат од креветот?
Секој од хороскопските знаци има посебни навики кога станува збор за будењето, а со тоа доаѓа и првата утринска мисла, најчесто дури и пред да ги отворите очите.
Која е првата инстинктивна мисла по будењето кај секој од знаците во Зодијакот?
Овен: АЈДЕ, ПОЧНУВАМЕ СО НОВ ДЕН И НОВИ ПОБЕДИ!
Бик: Само уште 10 минути… само уште 5 минути… само уште 3 минути…
Близнаци: Каде ми е телефонот?
Рак: Сите ме мразат. И јас ги мразам повеќето.
Лав: Леле мајко, кој е овој лик што ме гледа од огледалото?
Девица: Уморна сум… ќе се јавам да кажам дека сум болна и не одам на работа.
Вага: Немам што да облечам!
Скорпија: Мрак. Црно ми се гледа пред очите.
Стрелец: Каде сум? Како стигнав до тука?
Јарец: Подобро да не одложувам, да станам и да си го почнам денот.
Водолија: Можам да направам што и да посакам.
Риби: Одвај чекам да се вратам дома и да си дремнам.
(О)Милена | Црнобело