Хороскоп од една реченица: Мантра за посреќна 2018-та за секој знак
Вага
„Не можам да бегам од работите кога малку ќе станат потешки или ќе полетаат искри од напнатост – работите кои најмногу вредат се истите оние кои бараат најмногу труд, напор и работа.“
Скорпија
„Туѓиот успех и мојот неуспех не се исти работи – ќе најдам многу поголема среќа кога ќе престанам опсесивно да мислам што имаат другите и наместо тоа ќе се фокусирам на себе и мојот пат.“
Стрелец
„Не е моја одговорност да бидат среќен/на, расположен/а и оптимист во секоја секунда од денот, но одговорност ми е да бидам искрен/а за моите желби и потреби, да верувам во себе, едукацијата да ми биде приоритет секој ден и да се сконцентрирам на работите кои ми носат радост на мене и другите околу мене.“
Јарец
„Негативните мисли нема да ме заштитат од неуспех и сосема сигурно нема да ме доведат до успех, но практичноста и логичноста се 100% различни од тоа да бидеш фатално песимистичен.“
Водолија
„Чувањето на емоциите во мене нема да ме заштити, единствено може да ме спречи да добијам поддршка, охрабрување и љубов, како и да ме лиши да го остварам својот потенцијал во целост.“
Риби
„Никој не може да ми каже што да чувствувам, што да правам со себе или мојот живот – таа моќ ми припаѓа само мене.“
М. Д. | Црнобело