Љубовен хороскоп за јануари 2018: Овните ќе започнат заеднички живот, Водолиите тајна врска

ljuboven-horoskop-za-januari-2018-ovnite-kje-zapochnat-zaednichki-zhivot-strelcite-kje-se-vratat-na-stara-ljubov-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Во врската ќе ве очекуваат многу изненадувања, но и вие ќе му приредувате изненадни задоволства на партнерот, а со тоа ќе му покажете дека знаете да го цените. Ќе се насочите кон остварување на заеднички цели и зголемување на заедничкиот буџет.

Ќе уживате во интимните моменти и ќе имате доволно време за шетање, но ќе преферирате времето да го поминуваре дома.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете привлечна личност по ваш вкус која сака да се забавува, која е можно да биде од странство, а тоа уште повеќе ќе ве заинтересира. Ве очекува возбудлива авантура со личност која ќе има многу квалитети, па постои можност да потрае подолго време.

Скорпија

Ако сте во врска:

Во љубовта ќе бидете креативни и ќе ја развиете фантазијата што ќе влијае одлично на страста и зајакнувањето на емоциите со партнерот. Вашиот оптимизам ќе му годи на партнерот, а ќе можете да уживате и во многу романтични моменти.

Врската ќе ви биде подинамична од вообичаено и постојано ќе се дружите со пријателите, што го прави овој месец идеален на поле љубов.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот може да почувствувате конекција со некоја личност која неодамна сте ја запознале на забава, па ќе фантазирате за врска со истата.

Сепак, кога подобро ќе ја запознаете, ќе сфатите дека нема зошто да мечтаете и дека не вреди колку што сте замислувале, па можеби ќе влезете само во врска без обврска која ќе биде брзо минлива.

Стрелец

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе разговарате на важни теми кои ќе имаат цел да ви ја подобрат врската и заедничкиот живот. Ќе си се доверувате еден на друг повеќе од вообичаено, па со тоа ќе го подобрите меѓусебното разбирање и ќе ја зајакнете довербата.

Ќе бидете романтични и ќе се заинтересирате за викенд патување. Тоа ќе ви помогне уште повеќе да се зближтие и опуштите, а партнерот ќе ви ги открие желбите.

Ако сте слободни:

Нема да бидете заинтересирани за површни авантури и нема да излегувате за да бидете видени. Ќе имате потреба да одите на места каде може да се забавувате со личности со слободен дух, кои се комуникативни и имаат смисла за хумор, па можно е да почнете да се гледате со таква личност со која претходно сте се гледале и ве привлекува.

Јарец

Ако сте во врска:

Ќе имате одлични идеи како да ја зачините врската, а партнерот ќе ги прифати. Овој месец ќе биде интересен за вас и поголемиот дел од времето ќе го поминувате излезени на забавни и културни настани.

Ќе имате доволно време да си ги исполните сите желби и заеднички планови кои претходно не сте успеале да ги остварите, а сте си дале ветување.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате потреба за дружење, излегување и забава, па нема да бидете заинтересирани за сериозни врски, иако ќе ви годат кратки авантури. Една таква може да започнете со личност која подолго време ви се допаѓа и ќе бидете исполнети со позитивна енергија и убави моменти.

Водолија

Ако сте во врска:

Ќе бидете поромантични од вообичаено, што ќе претставува изненадување за вашиот партнер, секако позитивно, бидејќи таа промена ќе ви годи на двајцата. Ќе се посветите на заедничките цели и ќе внесете динамика и сензуалност во врската.

Кон средината на месецот можни се минимални несогласувања и препреки, кои ќе бидат пролазни и ќе поминат.

Ако сте слободни:

Во јануари ќе веп ривлекува тајна љубов од личност која не е слободна, а ќе ви пријде и ќе ви оствари силен впечаток. Ќе се гледате на дискретни места, далеку од очите на јавноста.

Она што ќе започне како без обврски, може брзо да прерасне во голема страст, а додадно возбудување ќе ви предизвикува фактот дека е тајна врската.

Риби

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот може да го искористите за договори со саканата личност за заеднички цели. Ќе бидете расположени за правење планови и месецот ќе биде погоден за комуникација и секакви разговори.

Искористете ги приликите за патување доколку имате заеднички пријатели во странство.

Ако сте слободни:

Доколку одите на патување можно е да запознаете личност која ќе ве маѓепса и ќе се потруди да ви се допадне.

Лесно може да се случи да влезете во авантура со некој од странство, а постои можност врската да продолжи и на далечина иако не постои гаранција за нејзиното траење. Уживајте во тоа што ви се нуди во моментот, а потоа приспособете се на околностите.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg