Годишен хороскоп за 2018-та - Скорпија
На Скорпиите, 2018-та година ќе им донесе прекрасно чувство на спокој, а животот ќе им биде исполнет со забава, смеа и среќа, како никогаш досега.
Се очекуваат непредвидливи случувања, а енергетското ниво ќе биде интензивно, па и покрај мирната атмосфера, се советува да бидете строги на личен план.
Во втората половина на годината, вашите шанси за патување ќе се зголемат, но внимавајте на големи промени во кариерата и финансиите.
Сепак, годината е безбедна, но доколку успеете да ги задржите емоциите под контрола.
Работа и финансии
Оваа година ќе можете да се посветите повеќе на професионалниот живот – запишувајте ги сите идеи и ќе имате можност да ги остварите, но не дозволувајте да ве измамат луѓето околу вас.
Ќе имате време и простор да ги докажете вашите вредности, а кон крајот на годината можни се унапредувања и зголемување на плата.
Финансиските планови кои ќе ги направите на почеток на 2018, одржувајте ги до крај за да спречите финансиски падови и проблеми. Ќе бидете охрабрени да штедите, но бидете подготвени на трошење кон средината на годината.
Љубов
Во текот на 2018-та во љубовниот живот на Скорпиите ќе се појават некои разлики и контрасти. Не реагирајте импулсивно и бидете флексибилни, обидувајќи се да ги приспособите чувствата.
Самотијата може негативно да влијае на некои Скорпии, па за тоа е важно да бидете со партнери кои ви одговараат.
Чувствата кои ќе ги искажувате ќе ви бидат возвратени, а тоа може да ја одведе љубовта на ново ниво.
Зафатените Скорпии кои се во сериозни врски, ќе сакаат да ја крунисаат својата љубов на почетокот на 2018-та, а останатите кои ќе се соочат со предизвици и компликации во врската на почетокот, може да очекуваат дека тоа ќе се претвори во голема љубов. Кон средината на годината можно е да се појават ситуации како љубомора, сомнеж и недоверба, но летото ќе донесе олеснување и можност за проширување на семејството.
Слободните Скорпии може да ја запознаат љубовта на својот живот преку член на нивното семејство. Можно е да се соочите со емоционални предизвици кои ќе ве однесат во минатото, па многу Скорпии може да се вратат на старата љубов. Крајот на годината ќе донесе смирување на страстите и доколку сте го средиле дотогаш љубовниот живот, целосно ќе се посветите на професионален успех.
Здравје
Скорпиите ќе одржуваат добро здравје до првиот квартал на 2018-та и ќе бидат во можност да вложат повеќе труд на ова поле.
Физичката и менталната страна ќе бидат во одлична состојба, но обемот на работата може да доведе до стрес и нервоза, предизвикани од страв.
Чувајте ја вашата енергија за периодите кога ќе имате слаб имунитет и одвреме-навреме правете одмор од работата за да ги смирите нервите. Сепак, и во тој период не се препорачува да мирувате, туку да се занимавате со некоја рекреативна активност.