За и против: Зошто (не) треба да бидете во врска со секој хороскопски знак?
Вага
ЗА: Според ѕвездите, ова е најталентираниот знак во уметноста на љубовта. Вагите се вистински мајстори за флертување. Знаат што треба да направат, за да се чувствувате како најпривлечната личност на светот.
ПРОТИВ: Тие ги мразат конфликтите, па се обидуваат да ги избегнат по секоја цена. Честопати, ќе се изгубите во сопствените претпоставки околу тоа што навистина се случува, или, пак, што точно тие мислат.
Скорпија
ЗА: Односите со нив се вообичаено длабоки и интензивни, како емоционално, така и сексуално. Скорпиите поседуваат неизмерна страст.
ПРОТИВ: Колку што е добра, страста може да биде и лоша. Понекогаш, тие се толку страствени и сериозни во своите чувства, што веќе ги пречекоруваат границите, па дури и ги плашат партнерите.
Стрелец
ЗА: Стрелците се весели и оптимистични личности по природа. Отворени се за нови искуства и запознавање нови луѓе, па со нив дефинитивно ќе ги проширите вашите хоризонти.
ПРОТИВ: Фактот што постојано имаат потреба од новини, значи и дека трајните монотони односи не се за нив. Често и се заплеткуваат во своите чувства, поради што никогаш не може да знаете во која фаза од односот се наоѓате во моментот.
Jарец
ЗА: Јарците спаѓаат во најсигурните и посветени знаци во Зодијакот. Кога се тие во прашање, не мора да се грижите за нивната наклонетост. Не чекаат на празниците како би направиле да се чувствувате посебно. Сакаат спонтано да ги изненадуваат своите сакани.
ПРОТИВ: Знаат прекумерно да контролираат, па по малку и ќе ве гушат во врската. Јарците често се служат и со манипулации за да ги остварат своите планови.
Водолија
ЗА: Водолиите имаат единствен карактер. Оригинални се, ама секогаш тежнеат и да научат нешто повеќе. Со нив покрај себе, секојдневието ќе ви биде лесно и пријатно.
ПРОТИВ: Понекогаш се премногу задлабочени во себе и сопствените мисли, наместо во чувствата. Со емоциите имаат проблем. Доколку немаат контрола над ситуацијата, тие може да станат и изразито агресивни.
Риби
ЗА: Рибите ќе покажат разбирање кон вас, а вашите чувства во целост ќе ги сфатат. Ќе ве опсипуваат со ведрина и засмеваат до изнемоштеност. Тие нема да ви бидат само дечко или девојка, туку и најдобар пријател.
ПРОТИВ: Рибите се осетливи души. Во повеќето случаи, нема ни да знаете што сте сториле, па ним сте им предизвикале болка. Поради недоразбирањата, пак, настануваат сериозни проблеми во врската.
М. А. | Црнобело