Љубовен хороскоп за октомври 2017: Скорпиите да избегнуваат тајни врски, Вагите ќе се заљубат во недостижна личност
Вага
Ако сте во врска, на почетокот на месецот комуникацијата ќе биде одлична, што ќе ја зајакне поврзаноста со партнерот. Ви одговараат интимни моменти во пар, па затоа добро би било месецов да не вклучувате трети лица во вашето секојдневие.
Бидете внимателни само околу 11-ти октомври, кога може да се појават несогласувања заради тоа што ќе бидете ставени пред искушение. Партнерот може да ви открие тајна која извесно време ја криете.
Потрудете се добро и закопајте го минатото каде што му е местото. По 22-ри ќе имате одлични шанси за враќање на довербата.
Ако сте слободни, ќе почувствувате силна привлечност кон личност која ќе се однесува недостижно. Ќе ви треба помош од пријателите, голема упорност и нова тактика за освојување.
Бидете доволно мудри за да го искористите слободниот статус за забава и нови можности, а не да се насочувате само кон едно лице кое веројатно ги нема истите емоции.
Не правете ништо по секоја цена овој месец на поле љубов.
Скорпија
Ако сте во врска, потребно ви е повеќе забавно време поминато со партнерот. Месецов ќе ви одговара заедничко гледање со пријателите и групни активности. Внесете повеќе динамика и страст во односот за да не западнете во рутина.
Во втората половина ќе имате повеќе желба за интимност. Не се повлекувајте во себе ако не ја добиете, туку гласно искажете ги желбите.
Избегнувајте тајни и паралелни врски, бидејќи кон крајот на месецот може да ви донесат несакани драми и сцени.
Ако сте слободни, ќе откриете дека една личност која секојдневно ја гледате има симпатии кон вас. И токму таинственоста ќе ве привлече.
До крајот на месецот ќе успеете да влезете во површна емотивна врска, меѓутоа не се надевајте премногу. Личноста ќе ја задржи таинственоста во големи граници и по извесно време таа може да стане проблем.
Стрелец
Ако сте во врска, потребни ви се промени кои ќе внесат свежина во вашиот емотивен однос. Во спротивно, ќе почувствувате недостаток на страст и почеток на монотонија.
Осмислете заеднички активности кои ќе ви ја вратат динамиката. Само така нема да почувствувате напнатост и тензии.
Во втората половина од октомври стабилноста ќе се врати и двајцата ќе бидете задоволни. До 24-ти октомври очекувајте зголемена иницијатива на која мора да вратите позитивно.
Ако сте слободни, ве очекува променлива ситуација. Личноста кон која имате симпатии нема да ви ги возврати истите, бидејќи се гледа со друга личност.
Тоа ќе ве направи напнати и склони на потези на кои нема да се гордеете за неколку месеци. Совладајте ги избрзаните реакции.
За среќа, кон крајот на месецот ќе имате сосема нова, неочекувана шанса за љубовна врска. Потрудете се да бидете љубезни каков и да ви е одговорот.
Јарец
Ако сте во врска, почетокот на октомври ќе го означи зголемената страст и иницијатива за новитети. Полни сте со ентузијазам и ќе сакате да работите на заедничките цели.
Ова е одличен месец за зајакнување на емотивните врски и нивно официјализирање.
По 10-ти октомври љубовната врска ќе стане поквалитетна и цврста, благодарение на поддршката која ќе ја нудите. Испланирајте заеднички буџет доколку сакате посериозно да ја планирате иднината.
Ако сте слободни, на почетокот на месецот ќе сретнете лице кое ќе ви биде магнетски привлечно. Ова може да биде вовед во брза врска која има потенцијал да успее, но само ако не бидете посесивни.
Ќе почнете да се гледате секојдневно, а набрзо и ќе завршите во кревет, што ќе ви открие нови интимни задоволства.
Делувате интересно и примамливо за спротивниот пол, затоа внимателно со паралелни врски.
Водолија
Ако сте во врска, на саканата личност пружете ѝ повеќе внимание, помош и поддршка. Тоа ќе ве мотивира да разговарате за проблемите кои се таложат со месеци и ќе ви отвори можности за нови заеднички планови.
Ви одговараат кратките патувања овој месец, далеку од гужвите и обврските. Емотивната врска ќе биде постабилна доколку се потпрете на компромисите.
Кон крајот на месецот заедничките цели ќе бидат крунисани со успех, и тоа ќе ви покаже дека заедно можете да постигнете многу.
Ако сте слободни, во првата декада ќе имате супер шанси за емотивно поврзување со личност која подолго време ве привлекува. 8-ми октомври е поволен ден за нови, сериозни почетоци.
Ако се приспособите на секојдневието, ќе можете да откриете нови задоволства. Не се држете до строгите правила и планови овој месец.
Потребно е да шармирате со интелигенција и култура, имајте го тоа на ум при освојувањето.
Риби
Ако сте во врска, почетокот на октомври ќе ви донесе екстремно зближување. Ќе бидете расположени постојано, бидејќи ќе поминувате квалитетно време во пар. Ќе сфатите колку многу работи сте пропуштале само заради неоснованите сомнежи.
Во втората половина на месецот планирајте активности кои вклучуваат повеќе страст.
Разговарајте за забавни теми, а не за работа. Впуштајте се во нови познанства и пријателства како пар и ќе откриете нови убавини на заедничкиот живот.
Ако сте слободни, во октомври очекувајте да се заљубите на прв поглед. На почетокот ќе глумите воздржани, но нема да може да го скриете еротскиот набој. За среќа, тој е обостран.
Сепак, пред да започнете нешто, мора сами да утврдите што сакате. Дали ќе се трудите за во иднина да останете заедно или сосема ви е доволно да се гледате по потреба.
М. Д. | Црнобело