Љубовен хороскоп за октомври 2017: Скорпиите да избегнуваат тајни врски, Вагите ќе се заљубат во недостижна личност
Октомври е месецот кога треба да се привикнеме на студенилото кое нè очекува, но дали тоа ќе важи и за вашиот љубовен живот овој месец?
Хороскопот ви открива дали среќата ви е наклонета и што ви планираат ѕвездите за овој октомври:
Овен
Ако сте во врска, време е повеќе време да им посветите на заедничките планови и цели. Вашата потреба да бидете во право може да ви ги наруши односите со партнерот. Најдете заеднички јазик пред да биде доцна.
После 14-ти октомври ќе ви се отворат можности да ја одведете врската чекор понапред, па дури и да ја официјализирате. Бидете позаинтересирани за забави и излегувања во пар.
Ако сте слободни, овој месец ќе се вљубите, но ќе бидете малку мрзеливи за да се потрудите околу личноста. Ако чекате се на готово, може да гледате како друго лице ви ги краде емоциите на симпатијата.
Покажете добри манири и култура ако сакате да остварите добра комуникација. Втората половина на октомври е идеална за нови емотивни врски.
Ќе бидете нагласено страсни, затоа не ја базирајте конекцијата на физичкото. Во спротивно, ќе доживеете минлива авантура. За повеќе од тоа, покажете хумор и досетливост.
Бик
Ако сте во врска, ве очекуваат динамични случки кои ќе ви донесат напредок. Очекувајте иницијатива за заедничка забава и нови начини како да поминете повеќе време заедно.
Вашите страсти ќе се појачаат, што може да доведе и до мала посесивност. Внимавајте работите да не излезат од контрола.
По 10-ти октомври ќе давате и ќе добивате невидена поддршка. Комуникацијата ќе ви се подобри ако делите заеднички интереси. Затоа ова е одличен период за нови почетоци и планови како да се зближите.
Ако сте слободни, во октомври ве очекува забава и слободни емотивни врски. Ќе бидете силно привлечени од личност која ќе ја дефинирате како сродна душа. Привлечноста ќе биде обострана, па очекувајте многу интимни моменти.
Би било добро да поставите поздрави темели ако сакате врската да биде на долга стаза. Покажете карактер, не само голотија.
Близнаци
Ако сте во врска, потребно е да се соочите со нешто што ви го отежнува односот со партнерот. После 8-ми октомври проблемите може да се зголемат, па очекувајте големо незадоволство.
Тагата и грижите најдобро е да ги решите што побрзо, бидејќи веќе по 11-ти октомври постојат големи шанси за раздвојување со партнерот. Разумноста ви е најдобар пријател.
Втората половина од месецот е пријатна и мирна, па ако ги надминете овие две критични датуми, очекувајте хармонија.
Ако сте слободни, околу 10-ти октомври очекувајте средба со личност која на прв поглед ќе ве привлече и ќе имате обострани симпатии. Склони сте на идеализирање, па може да ја толкувате како сродна душа, иако реално е само авантура.
Големи се шансите за нова емотивна врска во првата половина од месецот. Она што ви е единствена препрека е пасивноста.
После 14-ти октомври, очекувајте зголемениот шарм да си го направи своето.
Рак
Ако сте во врска, од 8-ми до 11-ти октомври ќе се соочите со проблеми и потешкотии во односот со саканата личност заради нерешени работи од минатото. Односот може да ви стане навистина тежок, па за да ја ублажите ситуацијата ќе ви треба многу волја и трпение.
Посветете се на решавање на проблемите, а не на жалење наоколу.
Неопходни ви се искрени разговори со партнерот и предлози од негова/нејзина страна како да ги решите препреките. Мора да кажете гласно што ви пречи, но и да ги сослушате неговите/нејзините потреби.
Ако сте слободни, по 10-ти октомври ви се зголемени шансите да запознаете личност која ќе ви одговара духовно. Потрудете се да се движите по нови места и со нови друштва.
Барате личност со авантуристички дух, интелигенција и комуникативност. Кога ќе запознаете некој со овие критериуми, искористете го целиот шарм кој го имате за да привлечете внимание, ќе ви се исплати.
Лав
Ако сте во врска, ѕвездите овој месец ви предвидуваат потешкотии со емотивниот партнер. Ќе се чувствувате напнато и под притисок, што ќе доведе до кавги.
Тензиите ќе се намалат ако сериозно ја сфатите ситуацијата и се потрудите да побарате професионална помош.
Во втората половина на октомври, работите ќе почнат да се движат по саканиот тек. Повеќе иницирајте заеднички активности, обидете се да организирате изненадувања и почесто да ја искажувате љубовта со зборови и дела.
Ако сте слободни, личноста која ќе ви се допадне ќе се покаже како тврд орев. Колку и да се трудите да ѝ го привлечете вниманието, нема да забележите голем успех. Фрустрациите може да ве доведат до инцидент, затоа контролирајте ги емоциите.
Во втората половина од месецот сосема друга личност ќе покаже симпатии кон вас. Набрзо ќе забележите дека таа личност сака сериозна врска со вас.
Ако сте подготвени, искористете ја шансата.
Девица
Ако сте во врска, ќе поминувате низ бура од емоции на поле љубов. Нема да бидете задоволни од односот со партнерот бидејќи ќе имате впечаток дека премногу работи правите посебно. За тоа ќе се побуните и нема да добиете реакција каква што очекувате. Затоа потребно е сериозно да разговарате.
После 18-ти октомври очекувајте позитивни промени, бидејќи среќата ви е наклонета на поле комуникација.
Во последните 2 недели од месецот распоредот за заеднички активности ќе ви биде полн, и нема да смее да се пожалите.
Ако сте слободни, ќе чувствувате појачани страсти, посебно на почетокот на месецот. Тоа ќе ви донесе возбудлива авантура со личност која ќе ви одговара за секс, па нема да може да ѝ одолеете.
Се ќе се одвива брзо и нема ни да сфатите дека преку ноќ личноста ви станала важна и не сакате само авантура.
Кога ќе се соочите со првите несогласувања, ќе може да одлучите дали сакате да ги решите и да продолжите со нешто посериозно или целосно ќе го прекинете контактот.