Што прави секој хороскопски знак откако ќе дознае дека сте го озборувале?
Вага
Вагата е еден од оние мирни и простодушни знаци кои ќе ви поверуваат дека не сте ги озборувале. „Ма знам дека не си кажала ништо лошо за мене, ти верувам“. Најтрагичното е што навистина веруваат дека никој не ширел трачеви поврзани со нив.
Скорпија
Мистериозната Скорпија ќе ја разоткрие својата одмаздољубива страна кога ќе дознае дека сте ја оборувале. „Ќе спијам со дечко ѝ, па нека види како е“. Подоцна ќе реши дека тоа сепак и не е доволна казна и ќе се обиде да ви го уништи животот.
Стрелец
Аантуристичкиот Стрелец нема време да размислува за озборувачите и трачевите. „Ох, гајле ми е, секако не си ми никој и ништо во животот“. Продолжува со насмевка и високо крената глава. Многу веројатно е дека брзо ќе заборави кој и зошто го озборувал и ќе се поздрави како да не било ништо.
Јарец
„Ти најде да зборуваш за мене? Ти – недоделкана, шуплива тикво?! Сега ќе видиш со кој си имаш работа!“
Јарецот тргнува остро во напад. Возвраќа на озборувањата со подеднаков жар, па дури и ги прави полоши, додавајќи измислени сочни детали. Извинувањето не ви вреди, нема да ви зборува ниту просто во следните 158 години.
Водолија
Водолијата настапува пријателски и меланхолично. „Зошто би ме озборувал/а, мислев дека сме добри пријатели... ова не ти чини. Размисли си за последиците. Ова зборува повеќе за тебе, отколку за мене како личност“. На крајот ви е толку криво што сте ја озборувале, што сакате да заплачете од мака.
Риби
Емотивно плачат кога ќе дознаат дека некој ги озборува. „Добро, со што го заслужив ова? Можеби треба да ги викнам на кафе и торта утре? Да, добра идеја“.
Прави нешто слатко и ги кани на гости. Никогаш не го споменува озборувањето пред нив.
(О)Милена | Црнобело