Кои ќе бидат најсреќните денови за вашиот хороскопски знак во 2017-та?
Вага
4-ти февруари до 16-ти февруари - Венера и Марс се во знакот на Овен, што ќе ги запали страстите кај вас. Ќе се загреете за нова личност и тоа ќе ви ја поттикне животната енергија.
14-ти октомври до 6-ти ноември - Опкружени сте со убавини, свесни сте за својата привлечност и со леснотија доаѓате до целите. Ова е период кога саканите личности ќе ви покажуваат колку ве сакаат.
Скорпија
17-ти октомври до 4-ти ноември - Меркур е во вашиот знак и ви овозможува пробивање на работно поле. Ако не сте верувале дека нешто е можно, во овој период ќе се убедите во спротивното.
9-ти декември до 31-ви декември - Марс и Јупитер ви носат голема активност во овој период. Нема да бидете мрзеливи и срамежливи, што ќе ви донесе нови деловни и љубовни победи.
Стрелец
1-ви февруари до 10-ти февруари - Венера и Марс ќе го запалат љубовниот оган и ќе ве однесат во прегратките на личност која ќе ве маѓепса со својата енергија и сила.
1-ви декември до 24-ти декември - Некој посебен ќе го најде патот до вашето срце. Венера во вашиот знак е симбол на благосостојба и голема љубовна среќа.
Јарец
1-ви јануари до 27-ми јануари - Ова е важен период за вашиот личен напредок. Среќата ќе пристигне по зближување на една важна личност од минатото.
14-ти декември до 31-ви декември - Мирни сте, силни и упорни во остварувањето на своите намери. Ќе имате голема поддршка од блиските и од многу луѓе кои ќе веруваат во вас. Искористете ја правилно.
Водолија
12-ти февруари до 28-ми февруари - Само небото ќе ви биде граница. Уверливи сте, самоуверени и прецизни во она што сакате да го постигнете. Успехот ќе затропа на вашата врата - отворете му со ентузијазам.
1-ви октомври до 17-ти октомври - Трудот кој го вложувате со месеци конечно ќе се исплати во кругот на семејството. Прославете го со најблиските.
Риби
12-ти јануари до 31-ви јануари - Ова е период кога може да се изборите за посакуваната деловна и љубовна позиција. Ќе бидете горди на она што ќе успеете да го направите овој период и покрај сите потешкотии.
1-ви февруари до 10-ти февруари - Продуктивни сте, свесни за сопствените вредности и со леснотија доаѓате до зацртаните цели. Среќата посебно ќе ве прати на поле финансии.
М. Д. | Црнобело