Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Годишен хороскоп за 2017-та - Вага

Во 2017-та од особено значење се стабилноста и рамнотежата на секое поле. Бидете подготвени за некои ситни проблеми на почетокот од годината, бидејќи ќе имате многу предизвици во работата, но ништо не е невозможно да се надмине.

godisen-horoskop-za-2017-ta-vaga-1.jpg

Сигурно ќе се појави некоја личност која ќе се обидува да го добие вашето внимание, но важно е да ги држите страстите под контрола. Не сакате ветувањата за вечна љубов да согори во пламенот на оваа романса.

Работа и финансии

Оваа година многу работи ќе ве мачат, почнувајќи од лошата финансиска одлука, па сè до лошиот тајминг за сериозни одлуки. Колку и да сте немирни, важно е да не паничите.

Користете ги способностите бавно и стабилно да ги решавате проблемите. За да се вратите на правилниот пат ќе биде потребно да преуредите неколку навики, што подразбира многу планирање.

Иако тешкиот почеток може да ве растажи, стресот околу финансиските одлуки ќе ве мотивира да се потрудите конечно да напредувате во остатокот од годината.

Најдобар период за финансии е периодот од средината на октомври до почетокот на ноември.

Невработените мора да бидат упорни и да не дозволуваат другите да им ја кројат судбината.

Љубов, семејство и социјален живот

Новата романса ќе се разгори на самиот почеток на годината. Понекогаш премногу страсти може да доведат до паника, затоа мора да се контролирате.

Вежбајте ја довербата како во романтичните, така и во платонските врски. Бидете подготвени за немири и несогласувања во летните месеци.

Рибите и Стрелците се знаците на кои ќе им паднете во очи. Ако се чувствувате преплавени со љубов, не се стегајте. Опуштете се и забавете малку.

Годишниот хороскоп покажува дека без оглед на тоа кој пат ќе го одберете и што ќе одлучите, мирот и хармонијата ќе завладеат во ноември и декември.

Здравје

Додека се фокусирате на балансот, оваа година нема да имате здравствени проблеми. 2017-та е година во која ќе бидете полни со енергија и сила. Обрнете поголемо внимание на циркулацијата на крвта и ако имате проблеми со спиењето посетете лекар. Хороскопот ви препорачува повеќе активности и пијалаци кои релаксираат.

Би можело да ве интересира:

Еротски хороскоп за 2025 година: Кој ќе се фокусира на задоволството, а кој на емоциите? Што ве очекува во 2025 година кога се во прашање љубовта и интимните односи? ...
Што може да очекувате до крајот на 2024-та, според хороскопскиот знак? Овен – До крајот на годината ќе имате постојана потреба за промени, но ќе научит...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Од што имате фобија според хороскопскиот знак (и како да се справите со неа)? Риби – Тие не се плашат да останат сами со своите мисли и имагинација, но смртно...
Финансиски хороскоп за мај 2024: Пари за Биковите, на Раковите ќе им се исплати ризикот Лав - Трошите повеќе од она што имате и тоа може да ве доведе во неповолна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg