Годишен хороскоп за 2017-та - Рак
Оваа година ќе ви биде во фокусот на прашањата поврзани првенствено за вашата работа и здравјето. А, од тоа колку ќе се вложите себе, очекувајте и да бидете наградени. 2017-ма ќе ви биде просперитетна на семеен план, може да добиете принова или да го проширите станбениот простор.
Работа и финансии
Раковите ќе веруваат дека сè што прават е добро, па затоа ќе бидат прилично фрустрирани кога позитивните работни резултати ќе ги заобиколат. Кога ќе почне 2017-та ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот, ама полека работните обврски и проблеми ќе почнат да се собираат.
Наградите ќе отидат кај оние кои ќе вложат доста време и енергија за да ги постигнат работите кои ги посакуваат на професионален план. Тоа значи дека ќе морате да се преиспитате и да одредите каде работите завршиле во негативна насока.
Тоа не значи дека цела 2017-та година ќе ви помине во проблеми. Не грижете се, во текот на летото, посебно благодарение на одреден Стрелец ќе имате шанса за заработка.
Инаку, поголеми шанси ќе имате да заработите ако сте во приватен бизнис.
Љубов, семејство и социјален живот
Почетокот на годината може да биде полн со искушенија. Односите кои сте се обидувале да ги поправите или подобрите, многу брзо и лесно можат да отидат во спротивна насока, а сето тоа ќе биде резултат од невнимателно кажани зборови. Во овој период морате да сфатите дека сè зависи од вашето однесување.
Запаметете, не сте секогаш вие во право. Посветете повеќе внимание и на тоа да го слушате својот партнер и заедно да работите на меѓусебните потреби. Вложувањето во љубовта ќе се закити со хармоничен однос во втората половина на годината.
Одлична можност за љубов ќе ве очекува во август, кога ќе имате прилика да заминете на годишен одмор.
Ако сте сами, посебно внимание посветете на Рибите и Стрелците во вашата околина, бидејќи со нив можете да очекувате просперитет.
Здравје
Емотивниот Рак често сам на себе е најголем непријател кога е во прашање здравјето. Па, ако успеете да го сведете стресот на минимум, ќе ве очекуваат позитивни вести.
Оваа година треба многу да се грижите за вашето здравје. Гледајте да се храните што е можно поздраво, да вежбате редовно и да одите на редовни здравствени прегледи. Во попладневните часови пијте чаеви како нане, камилица или кантарион.